Вести

Божјото Слово како сила за обновување на умот и срцето

Како се доживуваме себе си во секојдневието? Дали како обични и безвредни или како единствени и уникатни созданија?

Многу често дозволуваме светот и се што е во него – стравот, грижите, сомнежите, неправдите, да не оддалечат од Оној Кој вистински не љуби, од Господ Исус Христос.
Се чувствуваме безвредно и непосакувано и ја забораваме единствената вистина –  дека Господ не создаде како скапоцени дијаманти во Неговите очи! 

Затоа е потребно да го истренираме нашиот ум постојано да размислува во согласност со Божјото Слово – вистинското семе кое всадено во нашето срце дава плод и целосно го преобразува нашиот ум за да можеме да согледаме кои сме ние во Христос!
Ова се само дел од вредните и јасни поуки кои ги слушнавме и примивме преку проповедта на Епископ Константин Кајшаров на вчерашната Богослужба одржана во ХЦ Блага Вест во РМ. 

Присутните верници во заедништво зедоа Господова Спомен Вечера, а Божјата исцелителна сила се манифестираше преку молитвите на Божјите служители Еп. Константин Кајшаров и Пс. Ќамил Зекироски кај верниците кои имаа потреба.
Во радост и благодарност сите го прославија Името на Господ Исус Христос со увереност дека се’ е од Него, за Него и преку Него!

Можеби ќе ви се допадне

Вести

Верниците не беа публика – беа духовни оператори!

  • 27.02.2026
На Богослужбата одржана на 22 Фебруари во Христијанска Црква Блага Вест не слушавме само порака – доживеавме движење на Светиот
Вести

Присутните добија ослободување и разрешување од синџирите на заблуда кои ги влечеа назад

  • 02.03.2026
✅️ На Богослужба која се одржа на 28 Фебруари во ХЦ Блага Вест во РМ, се потсетивме на Даровите на