Духовна аптека

Мирна река брег рони, вистината што освојува со љубов

Согледуваш дека ова е време на нервоза, избувливост, револт и немир. Некогаш си сам против сите, тоа не е само чувство, тоа е реалност, дури се прашуваш дали ти не си добар во расудувањето или пак може сите луѓе се заслепени.
Можеби ти рекле „што се оптеретуваш со глупости“; или пак „доста, не се занесувај да не одлепиш“, дури заради тоа што се дистанцираш од одредени теми, луѓето мислат дека имаш спротивен став од нивната политичка партија и те доживуваат како сомнително лице.

Но ти одново се бориш, нешто во тебе сака да пробие и да се каже вистината, да се задоволи правдата. Грешиш ли во тоа? Да, ако го правиш тоа брзо и гласно, непромислено. Знаеш дека така губиш самоконтрола и потоа се каеш. Но зарем да се премолчи вистината и да се стане другар со лагата? Никако!
Нема да згрешиш ако си упорен, но ако покажуваш пример на тоа што ти го зборуваш, советуваш, докажуваш, ако си смирен, полн во љубов и сигурен дека ништо не може да те поклати. Ова го постигнуваш кога си целосно ослонет на Бога и веруваш дека само Тој е праведен судија кој се знае и гледа. Секогаш човек треба да е свесен дали вистината која ја согледува е субјективна комбинација од лични мисли и емоции кои тенденциозно копнее да ги манифестира врз ситуацијата или пак, вистината му е објективна и поткрепена со Божји авторитет- доказ.

Кога си во мир, те прашуваат што ти е, а некогаш и се трудат да ти го одземат мирот за да бидеш како сите останати разбеснети. Мирот ги вознемирува тие кои не ја сакаат вистината. Ако си „мирна река што брег рони“, тогаш Бог ќе те употреби за преку тебе да се обелодени објективната вистина, но ако си гневен, инфициран од неправдата во отсуство на љубов и мир, тогаш ќе направиш грешки и ќе станеш сличен како тие кон кого си тргнал за да ги соочиш со вистината.
Од каде тој порив во тебе за правда кога знаеш дека не си ни ти „цвеќе за мирисање“? Од каде таа борбеност кога многупати се откажуваше од важни работи и не ги завршуваше работите до крај. Од каде тој копнеж за да се слушне вистината?

Ти си дизајниран од љубовта на Бога, а оваа љубов ја сака правдата, таа дава сила за да победуваш, таа те носи кон вистината која ослободува, таа дејствува во тебе и те прави поинаков.
Препушти и се и копнеј да има мирјани како тебе, да има светлоносци и овој свет да стане градина на љубовта. Биди мирна река што брег рони, и денес зборувај ја вистината, освојувај со мирот, биди поинаков!

Извадок од книгата „Биди поинаков“ од М-р Константин Кајшаров

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е