Сте забележале дека се повеќе и повеќе детски филмови се со “сомнителна” содржина?
Отворено поттикнување на интимост, хомосексуалност, трансродовост уште од најмала
возраст. Понатаму, отсутство на родителите, киднапирања , листата е долга.
Доколку се прашувате “Па добро, што можам да им пуштам на моите деца да гледаат?”,
дозволете ни да ви предложиме една анимирана серија, која може да ја гледаат сите
возрасти.
Оригинално насловена ,,Animated Parent and Child Theatre” во 1981 има огромен успех во
доближувањето на Библијата кон најмалата публика. CBN (Christian Broadcast Network) во 2011
ја лансира,, Суперкнига’’ , која за многу кратко време се шири и преведува глобално.
Преку авантурите на децата Крис, Џој и роботот Гизмо, гледачите патуваат низ времето и се
сведоци на настани од Библијата. Серијата комбинира возбудлива анимација, интересни
пораки и промовира вредности како пријателство, вера, добрина, простување и ги запознава
децата со Бог. Поради тоа, „Суперкнига“ е одлична препорака за деца, бидејќи истовремено е
едукативна и забавна.




„Суперкнига“ е одлична можност децата да ја запознаат Библијата преку забава, а родителите
можат заедно со нив да разговараат за пораките и вредностите што ги носат приказните.
Преведена на огромен број јазици, меѓу кои и македонскиот јазик.
Топло ја препорачуваме оваа серија како квалитетна, поучна и инспиративна содржина за
целото семејство.

