Духовна аптека

Што е секта?

Секта е збор за тајни организации (најчесто со искривени верувања). Вистинските секти постојат и тие се изразуваат преку модерна терминологија, научен пристап и во комбинација со преземени делови од психологијата ги заведуваат луѓето и во светот ги има многу.
Секти се оние групи кои не веруваат во Светото Тројство, не Го слават Исус Христос како Господ и Спасител, го негираат Светиот Дух и не соработуваат со Него. Посебно внимание се оддава кон Марија – Богородица, светците, ѓаволот, демоните или луѓе на кои им се молат како на Богови, што е спротивно од Божјите заповеди и она што Бог ни го кажува преку Светото Писмо Библијата – “Да немаш други богови покрај Мене!” (Второзаконие 5:7)

Некои луѓе ги нарекуваат нововерци луѓето кои се молат на Бога и читаат Свето Писмо – Библија. Но, нова вера значи некоја нова идеја, не старата вера. Но таква нова вера која е опасна по живот е онаа која наместо за Бог, зборува дека самиот човек си е господар на животот и сè зависи од тебе како ти да си центар на Вселената, односно како ти да си Бог. Тоа е погрешна вера која те учи да живееш од денес за утре, да бидеш егоцентричен и подалеку од Бога. Тие учења се служат со некакви убедливи фрази дека Господ не се викал Исус Христос туку некако поинаку и дека бил енергија, дека бил во Индија и други приказни.

Тоа поскоро личи на секта, а тоа значи скриена практика која се одвива потајно. Бог не сака скриени или окултистички работи бидејќи Тој е Светлина и сè изнесува на виделина. Ова значи дека ако некој јавно зборува за Господ Исус Христос, тој не е секташ или нововерец бидејќи неговиот пристап е јавен и ја зборува вистината од Светото Писмо. Иако тоа не е секојдневна појава во модерното општество, сепак, тоа не се ненормални и забегани луѓе, туку продуховени луѓе кои гледаат со духовна перцепција во животот и случувањата во светот. Ако нешто не ти е јасно, тоа не треба да ти биде предмет за осуда и отфрлање. И Исус беше обвинуван дека Неговото учење е секта, дека е луд и дека со помош на демоните ослободува луѓе од демони. Исус, даде факти со кои ја поби осудата која беше создадена од љубомора, страв, предрасуди и закана за нивниот статус.
И следбениците на Господ Исус Христос и Неговото учење ги нарекуваа секта. Апостол Павле го обвинуваа Евреите дека е челник на назаретската секта а Тој беше најголемиот проповедник на Евангелието и христијанството во тоа време.

“Јас овде, пред Вас, признавам дека сум следбеник на Христовото учење што тие го нарекуваат секта” – Дела на апостолите 24:14

Но за да не бидеш ти жртва на погрешни учења, потребно е да ја знаеш Вистината од Светото Писмо која е основен темел за нови конструктивни верувања кои ќе ти го изградат животот.

Извор: од книгите на Епископ Константин Кајшаров

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е