Отровите не се наоѓаат само во храната и пијалоците, тие се и во друг облик што го консумираш и ти влијае на мислите, емоциите и верувањето. Тие отрови се во облик на игри, филмови (популарни и интересни) и разни аудио видео фајлови кои ги восприемаш преку интернет и телевизија.
Симптомите се видливи, во едниот случај тоа се болки, диареја, повраќање и во некои состојби покачена температура, а во другиот случај тоа се негативни мисли, анксиозност и паника, самобендисаност и егоцентричност, агресија, нетолеранција, безволност и депресија.
Човек кој е отруен од храна има жолтило на лицето, модри подочници, поднаведната силуета од болки во абдоменот, додека човек со затруена душа има тага на лицето, празен поглед, поднаведната силуета од внатрешно потиснување и оптеретеност, но и отсуство на идеја, креативност и волја за добрина. Отруената душа лесно завидува на другите, задржува гнев, се лути и генерира омраза, таа е заробена во кафезот на стравот и материјализмот, од се, се навредува и постојано се жали не само за животот, туку и за тоа дека другите ја отфрлаат и не ја разбираат.
Чистењето од затруени храни и пијалоци се овозможува со медицински јаглен, хидрирање, постење, но чистењето од отрови на душата се случува со прекинување на навиката од неумереното конзумирање на отровни аудио видео содржини, нивна селекција и детоксицирање преку читање на Свето Писмо и други Боговдахновени содржини.
Исчисти се!
Извор: kaysharov

