Личните амбиции на сметка на домашниот живот се сериозен проблем во животот на многу мажи. Некои ги сметаат за успешни, а некои самите се сметаат за успешни. Меѓутоа, внатрешната егоцентричност ги одвојува од топлиот и отворен однос со нивните семејства, што пак претставува основа на еден успешен однос во домот.
Можеби нема да има отворена криза или помисла дека бракот се распаѓа. Меѓутоа, домот не ги обезбедува сигурноста и исполнувањето кои им се потребни на членовите на семејството. Во многу случаи таткото има толку многу обврски надвор од домот, така што не е ни свесен дека го изневерува своето семејство.
Многу мажи во нашето современо општество треба да се соочат со овој проблем. Тие можат да бидат успешни во различни области – како претседатели на банки или доктори или адвокати или компјутерски техничари или спортисти. Тие дури можат да бидат успешни и во христијанската служба. Сепак, тие се неуспешни во својот дом.
Да успееш во други области, а да неуспееш како сопруг или татко, во Божјите очи е неуспех. Ниеден друг успех не може да го надомести тој неуспех.
Можеш да читаш најразлични книги за семејството, но неможеш да изградиш вистински успешно семејство сѐ додека не ги разбереш двете основни улоги: маж и татко. Тие се неопходни темели на кои може да се изгради вистински среќен и хармоничен дом. Откако ќе осознаеш што е потребно за да се биде успешен маж и успешен татко, можеш да се здобиеш со вистински успех и на кое било друго поле. Но, пред сѐ, ќе им бидеш благослов на твоите најблиски – твојата жена и твоите деца.
Извор: “Мажи и Татковци” од Дерек Принц

