Треба да (по)верувате во Господ Исус Христос и да бидете крстени во Име на Отецот и Синот и Светиот Дух со водно потопување. Во молитва да се исповедате пред Бога за сите гревови, да се покаете за истите, да им простите на оние кои ве повредиле и да побарате прошка од Бога за вашите гревови.
Важно е да се одречете од грешниот живот, магиите, хороскопите, јогата, лечењето со енергиите и чакрите, бајачите, гледачите, сатаната и демоните. На крај во молитвата да Го прославите Господ Исус Христос.
После ваква молитва со вера во Името на Господ Исус Христос треба да ја спроведете власта која ви е дадена од Бога.
Тоа се прави на следниот начин:
Пред вас е магискиот предмет (подарокот кој ви е даден врз кој е извршен магиски ритуал или е премачкан со нешто, магиските средства кои сте ги нашле во вашиот дом или двор, или пак на работа во фиока, на биро, кои се со нејасни форми на заплетени влакна, конци, коски, клучеви и друго, или пак се наоѓате пред истурените супстанци кои можат да бидат истурени врз вашиот автомобил, влезната врата или пак прозорите, или прагот во домот, да бидат премачкани со нив, и слично), се насочувате со поглед кон тоа и ја изговарате следната молитва:
Во Името на Господ Исус Христос сега го прекинувам секој контакт со овој подарок / предмет и со намерите со кои ми е даден или нафрлен во домот/дворот/на работа.
Во Името на Господ Исус Христос сега го одврзувам овој предмет од секаква зла сила, зол дух и демонско влијание, од демонот на угнетување, демонот на натрапништво, демонот на манипулација, демонот на разболување, несреќа, смртност, страдање, беда, сиромаштија, раздор…
Во Името на Господ Исус Христос сега го врзувам демонот на манипулирање и злонамера.
Во Името на Господ Исус Христос сега го кршам секој завет или заклетва, секој повик на злото, секоја злонамера врз овој предмет и заповедувам во Името на Господ Исус Христос: Надвор од тука зла сило! Немаш право врз мене и семејството!
Крвта на Господ Исус Христос е врз нас, со неа сме измиени од смртен грев, гревови, болести, страдања, магии, проклетства и смртност.
Господ Исус Христос умре и Воскресна и Тој нѐ спаси, Бечен живот ни подари и Тој живее во мене, во моето семејство и во овој дом / на ова место.
Во Името на Господ Исус Христос сега ја прославувам победата на Господ Исус Христос над смртта, над сатаната, во мојот живот, во секое поле на моето постоење и во мојот дом. (ова се повторува со силна вера до 3 пати).
Господе Исусе Христе, Тебе Те прославувам, зашто Ти си мојот Господ и Спасител, сѐ можам преку Тебе зашто Ти ми даваш сила. Нека е вечна Твојата Слава, Цару на Вселената, Сеприсутен Вседржителу! Вечна Ти Слава! Амин!
На крај Го Славите Господ Исус Христос, го чистите местото доколку е нечисто од фрлените супстанци (масни флеки, капки крв, непозната течност), го фрлате магискиот предмет кој сте го нашле, го задржувате подарокот кој ви е подарен или пак го фрлате.
Извор: “Растурање на магии и заштита во Име на Господ Исус Христос” од Пастор Константин Кајшаров

