Духовна аптека

Како да останеш во љубов и да победуваш

Сигурен сум дека знаеш какви луѓе те опкружуваат, но ти играш по правилата зашто не бива секогаш да се биде касап и да прекинуваш и сечеш комуникација со луѓето, сепак се изретчи кругот за дружење, не се наоѓаат пријатели туку така. Дали тоа значи дека мораш да ги трпиш? Како да си заштитен од лицемерни, завидливи и злонамерни пријатели?

– Кога знаеш дека некој е лицемерен кон тебе и едно зборува, а друго мисли, (таквите најчесто се контраши и критичари) не му возвраќај со негов камен по глава, напротив покажувај му постапки на внимание, љубов и охрабрување;

– Кога некој ти завидува и озборува (најчесто таквите се материјалисти), понеси го со себе кога купуваш нешто за себе, купи и/му и на неа/него, не за да цркне од мака, туку за да види пример на несебичност и практика на љубов;

– Кога некој те колне и знаеш дека има злонамери, (најчесто тие се лакоми и незадоволни од себе) однеси го/ја на ручек и изобилно нахрани го/ја потоа прегрни го/ја, биди добар и како свое дете третирај го/ја, а на крај благослови го/ја. Но не заборавај какви и да се твоите пријатели секогаш покажувај им дека се радуваш за нив и нивниот успех и дека имаш добри намери кон нив. (ова истакнувај го и повторувај им го)

Зошто овие препораки се важни?

Зашто само љубовта ги отвара желeзните порти од секое срце и овозможува трансформација, но исто така љубовта дадена на помрачено срце му дава светлина, а најважно од се е тоа што љубовта пружена кон едно огорчено срце е лекот за ослободување од секаква злоба и темнина. Сепак запомни го ова: „не ти е животна мисија само кон една личност да дејствуваш, затоа штом се посветиш со љубов повеќе пати кон личноста, тргни се и продолжи напред, зашто љубовта ти е животна мисија за сите луѓе и за секого.“

Ако ја даваш вистинската љубов тогаш нема да угодуваш на луѓето, ќе бидеш добар кон нив, но нема да постапуваш како нив дури и кога ти е најтешко.

Некогаш дружбата со луѓе кои се завидливи, злонамерни, лицемерни може и тебе да те инфицира освен ако го имаш противотровот во себе – Љубовта на Христос. Биди секогаш добар и мудар, остани во ЉУБОВ до крај и секогаш ќе победуваш!

Извадок од книгата „Биди поинаков“ од М-р Константин Кајшаров

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е