Во гостувањето на подкастот КЛУЧ, Пастор Милена Кајшаров зборуваше за предизвиците и благословите на животот во служба. Од молитвата во секојдневието и воспитувањето на децата во верата, до справувањето со предрасудите и притисоците – таа отворено сподели како изгледа патот на едно пасторско семејство.
Разговорот открива како се воспоставува баланс меѓу семејството, професијата и духовната мисија, и што значи да се биде верна поддршка и активен учесник во Божјата визија. Епизодата е инспиративно сведоштво за љубовта, посветеноста и силата на верата во секојдневниот живот.
Проследете го целото видео од разговорот со Пастор Милена Кајшаров.

