Дали работата носи радост и исполнување, или пак тежина и стрес, кога е во спротивност со вредностите кои човек ги негува и според верата до која цврсто се држи?
Во светот на шоу бизнисот, каде навидум се промовира гламур и раскош и каде за филмска улога се плаќа цело богатство, сепак некои од познатите актери кажаа „нѐ“ за одредени улоги, или сцени кои се во спротивност со нивните христијански вредности.
Некои од холивудските актери подготвени да платат висока цена за нивната одлучност, останаа верни на Бог, но и препознатливи по своите ставови.

• Neal McDonough: е познат по неговиот принцип да не снима сцени со бакнување или интимни сцени бидејќи смета дека тоа би било „сквернавење на Бога“ и непочитување на неговата сопруга, со која е во брак од 2003 година и имаат 5 деца. Поради овој став, тој дури бил отпуштен од снимање на серија и две години бил на “црната листа” во Холивуд, при што се соочил со финансиски проблеми и губење на домот.

• Kirk Cameron: Како „одново роден“ христијанин, Камерон одбивал да учествува во сцени со недоличен речник, а исто така инсистирал да се изменат сценаријата кои ги исмејувале верата или семејството.

• Chris Tucker: Овој актер е познат по тоа што одбил голема понуда во вредност од 10-12 милиони долари за да се појави во продолжението на филмот Friday (Next Friday) бидејќи сметал дека псовките и користењето дрога во филмот се против неговата христијанска вера.

• Jim Caviezel: главниот актер во познатиот филм „The Passion of the Christ”, е можеби највпечатливиот пример во современиот Холивуд.
Овој глумец исто така одбива сцени со експлицитна содржина, поради својата христијанска вера. Но затоа пак, прифатил да ја игра улогата на Исус Христос и покрај предупредувањата од режисерот дека таа улога може да му ја уништи кариерата.
Тој на тоа само одговорил: – Секој од нас мора да го носи својот крст.

Иван Босиљчиќ: Познатиот актер од овие простори во повеќе наврати има кажано дека многу му е важно сценариото да не промовира вредности, кои се во спротивност со неговиот поглед на светот и неговата вера во Господ Исус Христос.
Наклонет е кон улоги кои носат одредена поука и се доблесни. Вели дека верата му помага да остане приземен во шоу бизнисот, а кариерата ја доживува како мисија, која може позитивно да влијае на публиката. Во едно интервју истакнува дека одбил улога, во која требало да убие свештенослужител и да ја осквернави Господовата спомен вечера (причеста)
Смета дека нема ништо креативно во овие улоги, но и ништо што би било корисно, особено за младата публика.
Овие личности својата професија ја градат на цврста карпа, која е Исус Христос и во своето делување го применуваат кажаното од aпостолот Павле во Светото Писмо:
„Сѐ ми е дозволено, но не е сѐ полезно. Сѐ ми е дозволено, но не сакам нешто да завладее над мене.“
„Содржината е базирана на јавно достапни онлајн информации, со авторска обработка и интерпретација“.
Maja Јовевска

