Вести

Кога една личност делува на повеќе полиња, луѓето често се збунуваат

Во денешно време сѐ повеќе луѓе бараат помош, разговор, духовна поддршка, совет или насока за својот живот. Некој има семејни проблеми, некој здравствени, некој духовни борби, а некој едноставно има потреба некој да го сослуша и разбере. Токму затоа, многу луѓе во Македонија и надвор од неа се обраќаат кај Константин Кајшаров.

Но во последно време сѐ почесто се појавува едно исто прашање и недоразбирање: „Зошто нешто е бесплатно, а нешто се наплаќа?“

Причината е едноставна – затоа што Константин Кајшаров делува на две различни полиња.

Првото е неговата духовна служба како Епископ и Пастор во Христијанска Црква Блага Вест во РМ. Во Црквата се одржуваат Богослужби, молитви, исцелителни служби, духовни разговори, крштевања, венчавки, погреби и помош за луѓето. Сите овие духовни активности се бесплатни и достапни за секого. Целта на Црквата не е заработка, туку помош, вера, надеж и приближување на луѓето кон Господ Исус Христос.

Но покрај духовната служба, Константин Кајшаров има и професионална работа. Тој е М-р. по Кинезитерапија и М-р. по Клиничка и Советодавна Психологија, а работи и во Елан – Центар за Терапија и Едукација, каде се одржуваат консултации, терапии, едукации, семинари и професионални обуки.

Ова е сосема различен тип на работа кој бара време, организација, простор, апарати, подготовки и постојан професионален ангажман. Поради тоа, услугите во Центарот се наплаќаат, исто како и во секоја друга професионална установа.

Исто така, потребно е луѓето да разберат дека поради огромниот број обврски, патувања, семинари, Богослужби и средби со луѓе, невозможно е секој да биде примен веднаш и во истиот момент. Денес сите живееме брзо и сакаме сè веднаш, но кога еден човек работи со толку многу луѓе, неопходни се организација, ред и закажување.

Тоа не значи дека некој е одбиен или неважен. Напротив – токму преку добра организација секој човек може да добие повеќе внимание, време и квалитетен пристап.

Затоа е важно да се направи разлика помеѓу духовната служба во Христијанска Црква Блага Вест во РМ, која е бесплатна и отворена за сите, и професионалната работа во Елан – Центар за Терапија и Едукација, која функционира како стручно и професионално дејствување. Понекогаш луѓето ја гледаат само јавната страна на работите. Но зад сето тоа стојат години работа, учење, посветеност, патувања, организација и секојдневна работа со луѓе. И токму затоа, потребни се и разбирање, трпение и почит кон целиот процес.

Можеби ќе ви се допадне

Вести

Верниците не беа публика – беа духовни оператори!

  • 27.02.2026
На Богослужбата одржана на 22 Фебруари во Христијанска Црква Блага Вест не слушавме само порака – доживеавме движење на Светиот
Вести

Присутните добија ослободување и разрешување од синџирите на заблуда кои ги влечеа назад

  • 02.03.2026
✅️ На Богослужба која се одржа на 28 Фебруари во ХЦ Блага Вест во РМ, се потсетивме на Даровите на