Вести

Присутните добија ослободување и разрешување од синџирите на заблуда кои ги влечеа назад

✅️ На Богослужба која се одржа на 28 Фебруари во ХЦ Блага Вест во РМ, се потсетивме на Даровите на Светиот Дух како богатство дадено од Таткото Небесен, а Пастор Ќамил Зекироски зборуваше за значењето на будна вера, која секој христијанин треба да ја има и практикува.

👉 ШТО Е БУДНА ВЕРА? – ТОА Е ВЕРА КОЈА ДЕЈСТВУВА И ЗБОРУВА ДА МУ ВЕРУВАМЕ НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС!

✅️ Епископ Константин Кајшаров истакна колку е голема нашата одговорност како христијани, кога нашата вера е будна ни налага да ја шириме Радосната Вест и Евангелието на мирот до секое создание, како наша обврска и задача, без исклучок.

Потоа имавме групна молитва каде присутните добија ослободување и разрешување од синџирите на заблуда кои ги влечеа назад.
Радосни, благодарни и ослободени Му оддадовме слава и благодарност на нашиот Господ Исус Христос со прославителни песни препуштени во Духот!

Можеби ќе ви се допадне

Вести

Верниците не беа публика – беа духовни оператори!

  • 27.02.2026
На Богослужбата одржана на 22 Фебруари во Христијанска Црква Блага Вест не слушавме само порака – доживеавме движење на Светиот
Вести

„Сѐ е точно, ми погоди… Вистина е!“

  • 10.03.2026
Ова беа зборовите што се слушаа вчера на Богослужбата во Скопје, одржана во Христијанска Црква Блага Вест во РМ, водена