На Богослужбата одржана на 22 Фебруари во Христијанска Црква Блага Вест не слушавме само порака – доживеавме движење на Светиот Дух!
Епископ Константин Кајшаров зборуваше за Дарбите на Светиот Дух – не како теорија, туку како реалност што се живее.
Кога Светиот Дух е во нас – се менува идентитетот.
Се раѓа глад за праведност.
Срцето наше се усогласува со Божјото срце.
Имавме ПРАКТИЧНИ ВЕЖБИ за користење и разликување на дарбите.
Верниците не беа публика – беа духовни оператори.
Пред поуката пристапивме кон Господовата Спомен Вечера, со благодарност за Христовата жртва и нашата позиција како Божји деца.
Црква водена од Светиот Дух е жива. И на оваа богослужба – тоа се виде.
Секој што ја пропушти Богослужбата – пропушти активација!
Следниот пат не останувај надвор од она што Бог го прави.

