Вести

Невидлива борба – видливи последици

Постојат ситуации во кои конфликтот започнува со еден збор, недоразбирањето прераснува во поделба, а повредата постепено се претвора во горчина. Односите се нарушуваат, срцата се стврднуваат, а човекот сè повеќе се оддалечува од Бог и од Неговото присуство.

За сето ова беше зборувано на Богослужбата, која во саботата се одржа во ХЦ Блага Вест во РМ, во рамките на третиот дел од циклусот проповеди за ,,Божјиот авторитет”

Богослужбата најпрво започна со славење на Христовото име, преку нови песни, со кои присутните заеднички Му оддадоа слава на Господа, препуштајќи се во Неговото присуство.

Во проповедта, Епископ Константин Кајшаров, овој пат фокусот го стави на духот на Левијатан, неговите стратегии, начинот на кој тој може да влијае врз човекот и неговите односи со другите, но и врз неговиот однос со Бог.

Затоа, беше нагласено дека е неопходно верникот да ја разбере неговата стратегија и да не остане пасивен, туку да дејствува, спротиставувајќи се со Божјиот авторитет, во името на Господ Исус Христос.

На крајот од проповедта, беше упатен и повик до верниците да бидат фокусирани на радоста, зашто духовната борба може да донесе тежина, обесхрабрување, депресија, меланхолија и губење на радоста. Но, како што беше истакнато во проповедта – ,,Радоста во Господа, дава сила”.

Покрај поуките, понатаму следеше и практична примена на ослободување и исцелување на сите оние кои имаа потреба од тоа, додека други примија утеха и охрабрување.

Во Црквата Блага Вест, добредојден е секој кој сака да ја чуе вистината и доколку има потреба, да биде ослободен. Затоа, не дозволувај, невидливата борба да остави видливи последици – сврти се кон Христос и дозволи Неговата вистина да те ослободи!

Можеби ќе ви се допадне

Вести

Верниците не беа публика – беа духовни оператори!

  • 27.02.2026
На Богослужбата одржана на 22 Фебруари во Христијанска Црква Блага Вест не слушавме само порака – доживеавме движење на Светиот
Вести

Присутните добија ослободување и разрешување од синџирите на заблуда кои ги влечеа назад

  • 02.03.2026
✅️ На Богослужба која се одржа на 28 Фебруари во ХЦ Блага Вест во РМ, се потсетивме на Даровите на