Очевидци

Од празнина и зависности до вера и обновен живот

Се родив во традиционално христијанско семејство, во кое се практикуваа верски обичаи. Мислев дека сум добар верник заради тоа што одев во црква, оставав пари на икони, палев свеќи, носев шарени јајца за Велигден.
Со сите овие нешта кои ги правев осеќав мир кој траеше многу кратко, а потоа пак ми беше празно во душата, постојано се вртев во круг. Мислев дека со добрите дела што ги вршам и тоа што одам во црква ќе станам добар Христијанин, ќе се оправдам пред Бога и ќе добијам вечен живот. Сметав дека тоа ми следува како на секој човек, заради нашата човечка праведност, која пред Господ Исус Христос е гордост и лудост, но тоа е лага и погрешно верување.

Совеста работеше во мене, имав вина заради грешките, пакостите и неморалните дејствија што ги правев, пијанство, блуд, коцкање, пушење трева, имав несоници, кошмари…
По некое време сфатив дека сум се вртел во круг, бидејќи сум имал погрешни верувања и убедувања врз основа на човечки измислици, а не според Божјиот Збор – Светото Писмо. Многу луѓе сеуште бараат лек на погрешни места, страдаат и се во агонија, затоа што не знаат…
Така правеа сите, така и јас, мислев дека е нормално, колку повеќе искуство толку повеќе знаеш, лудило, но тоа е мерилото и мудроста на овој свет, а не Божја.
Сепак има решение!

Од кога го запознав Константин Кајшаров, сѐ се смени. Тој денес е мој Пастор и духовен татко, водач на Христијанска Црква Блага Вест во РМ, која е водена од Светиот Дух според Светото Писмо. Во оваа Црква јас Го запознав Господ Исус Христос, разбрав што Тој направи за мене на крстот, го примив за мој Господ и Спасител, примив вечен живот, станав жител на царството Божјо. Ова не се случи  заради моите добри дела, туку заради Божјата милост, заради Неговото дело на крстот ми е простено, и го предадов мојот живот во Негови раце, бев крстен со водно покајничко крштевање, Го примив Светиот Дух по милост Божја, станав Негово дете. Сето ова е заслуга на Бога и Негово дело, сета слава и чест Му ја оддавам на Господ Исус Христос!

Сега сум нов човек, живеам според Светото Писмо, благословен заради благодатта Божја која е незаслужена милост Божја.
Живеам ослободен од зависности, пороци, слабости и погрешни верувања кои ми ги наметна секојдневието, ослободен од демонски влијанија кои предизвикуваат болести  и секакви пореметувања во животот.
Ако ти треба помош сега е вистинскиот момент, дојди во Христијанска Црква Блага Вест и слушни ја вистината, и стани нов човек, Божјо дете, живеј со обновен ум преку Словото, и ослободен од ропството на светот!
Бог не е насилен, и нема да дојде во твојот живот ако не го поканиш, Тој даде слободна волја и избор на секој човек.

Јас не се срамам да кажам дека Бог е мој пријател, Тој ми помогна, го промени и менува секој ден мојот живот, само Тој е вистински пријател, помошник, и никогаш не изневерува!
Не се залажувај повеќе, овде е твоето место каде што сум јас, дојди и живеј!

Влатко Христов

Можеби ќе ви се допадне

Очевидци

Повик кој го спаси животот на мајка ми

  • 24.02.2026
Повик за помош кој никогаш нема да го заборавам, зборови кои никој не сака да ги слушне и не ги
Очевидци

Докторите и предвидуваа само уште два дена живот, но се случи нешто натприродно

  • 25.02.2026
“Ѝ останаа уште два дена живот на вашата ќерка” – овие зборови точно на полноќ како ехо одекнуваа низ празниот