Вести

Од „шамар за освестување“, до „лепеза за освежување“

Понекогаш Бог најпрво нè разбудува, а потоа нè освежува! За многумина присутни, Богослужбата што на 04ти Јули 2026, се одржа во ХЦ Блага Вест во РМ, претставуваше духовно патување, како надоврзување на претходните две служби.

И како жедна земја што го очекува првиот дожд, така и присутните пристапија со копнеж да го примат Божјото Слово, кое Бог му го беше дал на Епископ Константин Кајшаров.

Самата проповед даваше јасна порака и повик на преиспитување, со цел да се донесе цврста одлука, истрајно да се чекори по патот по кој сме повикани. Беше нагласено дека верникот останува Божја праведност преку Христос, но дека тоа носи одговорност и никогаш не треба да се користи како изговор за компромис со гревот.

Во таа насока беше истакната и потребата да се има увереност во идентитетот што Господ го дава на верниците, дека се Божји деца и токму од таа сигурност да произлегува и начинот на живот и дејствување.

Следеше Господова Спомен Вечера и момент на благодарност, заедништво и потсетување на Христовата жртва, а потоа во радост со прославителни песни, се оддаде слава на Исусовото име, што беше вистинско духовно освежување.

Можеби ќе ви се допадне

Вести

Верниците не беа публика – беа духовни оператори!

  • 27.02.2026
На Богослужбата одржана на 22 Фебруари во Христијанска Црква Блага Вест не слушавме само порака – доживеавме движење на Светиот
Вести

Присутните добија ослободување и разрешување од синџирите на заблуда кои ги влечеа назад

  • 02.03.2026
✅️ На Богослужба која се одржа на 28 Фебруари во ХЦ Блага Вест во РМ, се потсетивме на Даровите на