Најнови откритија за ограничените капацитети на ВИ (AI): AI може да даде точен одговор. Но, дали останува присутен кога работите стануваат сложени?
Истражувачи неодамна ставиле напредни AI модели на тест за внимание – задача која често се користи и во психологијата. На почетокот, резултатите биле импресивни. Моделите успешно препознавале бои и давале точни одговори кога задачите биле кратки и едноставни. Но, кога задачите станале подолги и посложени, нивната успешност драстично опаднала. Некои модели од над 90% точност стигнале до речиси целосен неуспех.
Ова нè потсетува на нешто важно: Интелигенцијата не е само да го знаеш точниот одговор. Таа е и способност да останеш фокусиран, да се приспособиш на нови информации и да останеш доследен кога ситуацијата станува посложена. Вниманието е темел на учењето, емоционалната регулација, квалитетните одлуки и личниот раст. Во свет каде информациите стануваат сè побрзи, можеби највредната вештина што можеме да ја развиеме е способноста да останеме целосно присутни.

Технологијата може да ги процесира информациите многу брзо, но флексибилноста и адаптивноста на човечкиот ум се извонредни и незаменливи.
Прашање за размислување: Која човечка способност мислите дека ќе биде најтешка за AI да ја совлада?
И секако ова е уште една потврда дека човечкиот ум е чудесен и ништо што е вештачки создадено не може да го надмине неговиот капацитет да размислува и да твори. Тоа добро го знаел псалмистот Давид кој пред околу 3000 години се восхитувал на начинот на кој Бог го создал човекот како Негова врвна креација – и затоа напишал:
„Ти благодарам што сум создаден толку чудесно, што се Твоите дела прекрасни. Мојата душа тоа добро го знае.“ – Псалми 139:14
Текстот е составен врз основа на онлајн достапни информации, дополнети и поврзани со духовни пораки од Светото Писмо.
Подготвил: Росана Христов

