Сила

Праведникот непоколеблив како палма во бурите

Дрвјата генерално се кршат, или барем губат неколку гранки, кога се соочуваат со ветрови со јачина на ураган. Но не и палмите. Овие дрвја карактеристични за тропските предели обично се виткаат за време на налетите на силни бури и ветрови. Како моќната палма обично останува на место, нишајќи се, понекогаш многу силно, во бури?

За почеток, за разлика од традиционалните дрвја, кои поставуваат прстени додека растат секоја година, структурата на палмата има сунгересто ткиво, што ја прави значително пофлексибилна – некои од нејзините клетки се податливи, а други лесно можат да се свиткаат, а потоа да се вратат во нивната првобитна положба. Недостатокот на конвенционална структура е она што ѝ дава на палмата флексибилност и ја прави врвно прилагодена на островските ветрови кои периодично се спојуваат во безмилосни урагани.

Кореновиот систем на палмата генерално е густ и широко распространет во почвата која што ја опкружува. На ваков начин тие се добро прицврстени во земјата издржувајќи силни урагани. Палмите исто така спаѓаат во оние ретки дрвја кои можат да бидат плодни и во текот на сушните сезони. Иако доколку сушата трае долго, тоа може да ја забави стапката на плодност на одредени палми, сепак, нивните уникатни структурни адаптации им овозможуваат да преживеат и да дадат плод и во периоди кога другите растенија нема да дадат.

Овие карактеристики на палмата можат да ја објаснат нејзината симболика во Светото Писмо. Во Стариот Завет е опишано дека ѕидовите на Господовиот Храм одвнатре биле насликани со херувими и палми (1 Цареви 6:29), додека во Новиот Завет триумфалното влегување на Христос во Ерусалим било пречекано од луѓето со палмови гранки во нивните раце.

Но Бог во Светото Писмо исто така и го споредува праведникот со палма. Тоа јасно можеме да го согледаме во Псалм 92, 12ти стих: „Праведникот цвета како палма!“ Оваа сликовитост се протега и низ последователните стихови од Псалмот.

Стиховите симболизираат три главни особини на праведникот:

  1. Стабилност и вкоренување во верата во Бог: За разлика од плитките растенија, тие се „засадени во домот Господов“.
  2. Плодност: Тие „сè уште раѓаат плод во старост, сочен и свеж“;
  3. Издржливост: Палмата останува зелена и раѓа низ сурови, суви клими, симболизирајќи отпорност.

Светото Писмо јасно ни кажува дека праведни пред Бог се верниците кои веруваат во Исус Христос и Неговото дело на крстот. Тие се оправдани преку Христовата праведност:

„Бог Го даде Христос, Кој немаше никаков грев, да биде жртва за нашиот грев, та преку Него ние да се здобиеме со Божја праведност.“ – 2 Коринтјани 5:21

Затоа, оние кои веруваат во Христос и се оправдани со Христовата праведност, како палмите, можат да издржат секакви бури и урагани во животот, бидејќи се вкоренети во Божјото Слово и Христовата љубов, не се крути и нефлексибилни, туку дозволуваат да бидат обликувани од Бог и преобразени преку Неговото Слово и дури и во сушни и тешки времиња не престануваат да даваат плодови со кои се прославува Бог во нивниот живот. Палмите не потсетуваат дека од секоја животна бура излегуваме повеќе од победници преку Христос, исто како што и најсилните урагани не можат да го искорнат ова навидум тенко и кревко дрво.

„Содржината е базирана на јавно достапни онлајн информации, со авторска обработка и интерпретација.“

Кристина Димитриевска

Можеби ќе ви се допадне

Сила

Молитва за спасение

  • 10.03.2026
Господе Семоќен јас осознав дека Твојата совршена волја било Исус Христос Твојот Возљубен и Единороден Син да Го дадеш да
Сила

Постапка за растурање на магии во Име на Господ Исус Христос

  • 10.03.2026
Треба да (по)верувате во Господ Исус Христос и да бидете крстени во Име на Отецот и Синот и Светиот Дух