Господе Семоќен јас осознав дека Твојата совршена волја било Исус Христос Твојот Возљубен и Единороден Син да Го дадеш да биде жртва заради мене и за целото човештво. Верувам дека Исус Христос Кој е Божјиот Син дојде на оваа земја и заради моите безаконија и моите гревови беше казнет, изнаранет и распнат наместо мене и заради мене. Верувам дека Исус на Себе, на Своето тело ги зема сите мои болки и слабости и со Неговите рани ме исцели и верувам дека со Неговата света крв целосно ми ги прости сите гревови. Верувам дека Исус умре на крстот, беше погребан и на третиот ден воскресна.
И затоа со чиста совест се обраќам кон Тебе Исусе Христе и велам: Дојди во мојот живот Исусе Христе, Те примам за мој Господ и Спасител, Те канам дојди и застани на престолот на мојот живот, живеј во мене и владеј со мене. Сега со вера го примам дарот на спасението – вечниот живот кој се прима по Твоја благодат и Ти благодарам што во овој миг го пишуваш моето име во книгата на животот.
Фала Ти Татко Семоќен во името на Исуса Христа, Ти благодарам што сум спасен, благословен и нановороден од овој миг понатаму. Во името на Исус, амин!
Епископ Константин Кајшаров

