Долго време живеев во страв, притисок и немир поради односот со свекрва ми. Живееме во иста куќа – ние на горниот спрат, таа долу. Иако на изглед е модерна жена со многу пријателки, отсекогаш имала силна потреба да контролира сѐ околу себе. Права вештерка, често прска нешто пред влезната врата и верувам дека се занимава со магии.
Кога се омажив, почнаа големите проблеми. Одев на Богослужби и тоа ми носеше мир, но кога дозна дека службите се емитуваат на интернет и ме видела таму, ми направи огромни компликации. Мажот ми тогаш многу ја слушаше, иако и самиот знаеше што прави таа. Искрено, чувствував дека многу работи што ми се случуваа не беа природни.
Со текот на времето односот меѓу нас стана многу ладен. Сепак, јас продолжив да одам во Црквата Блага Вест. Особено го почитувам Пастор Константин. На една исцелителна служба, кога се помоли за мене, почувствував нешто што не можам да го опишам. Во еден момент дувна кон мене и како струја да помина низ целото мое тело. Се занишав и паднав, иако никој не ме допре ниту хипнотизира. Тоа беше чувство на топлина, мир и необјаснива блаженост.
Кога станав, се чувствував како нов човек. Од тогаш ми исчезнаа проблемите со срцето и киселините во желудникот. Полека работите почнаа да ни тргнуваат и со сопругот, станавме понезависни и посмирени.
Денес, две години подоцна, читам разни навреди и клевети по интернет за Пасторот, но тоа не е вистина, јас лично не верувам во тоа. Според она што го знам, станува збор за лични конфликти, клевети и одмазда од луѓе кои порано работеле со него. Знам бидејќи моја блиска пријателка работи со личност што работела кај него и ги знае тие ситуации одвнатре.
Во последно време повторно имам здравствени проблеми – вртоглавици, зуење во ушите и негативни мисли. Искрено се надевам дека наскоро ќе има нова исцелителна служба, бидејќи повторно сакам да присуствувам. Само би замолила, доколку е можно, да не бидам снимана поради проблемите што ги имам со свекрва ми. Му благодарам за сѐ и сакам да му пренесете дека има огромна поддршка и почит од многу луѓе.“
Анонимeн автор

