Сара Ан Сумполек некогаш била фасцинирана од магии и тарот карти – сè до средбата со Исус, која комплетно ја променила.
Децении подоцна, таа е посветена христијанка која го споделува своето искуство како поранешна „вистинска тинејџерска вештерка“ за да им помогне на луѓето да ја видат Божјата сила која менува животи. Ова е нејзината потресна приказна.
Почетоците на вештерството
Сара во поткастот „The Playing With Fire Podcast“ („Играњето со оган”) кажува дека пораснала како „номад“, бидејќи нејзиниот татко постојано го преселувал семејството, а понекогаш биле на работ на бездомништво.
Но, кога се преселиле во Делавер на нејзини 13 години, татко и рекол дека ќе останат, што било голема работа,конечно да имаат постојано место за живеење. Куќата, која некогаш му припаѓала на поранешен гувернер, на нивно изненадување, одеднаш станала нивно место на живеење.
Татко и уште од почетокот фасциниран рекол дека таа куќа е посебна, за во еден момент, возбуден да и каже дека е проколната. Сакајќи да остане блиска со својот татко, Сара се препуштила и тргнала по неговиот пат.
Пресвртна точка
Пристигнувајќи во куќата во принцип значело пресвртна точка од многу аспекти. Татко и претпазливо почнал да ја воведува во натприродното и го покажал неговиот интерес за истото. Кога почнала да поставува прашања и дал некоја многу стара книга, за да ги најде одговорите.
Со тек на време Сара навлегувала сѐ подлабоко во таа книга и почнала ненаситно да чита и други „Њу Ејџ” текстови.
Вештерството одеднаш станало точката на поврзување што отсекогаш ја посакувала – нешто што ја приближило до татко ѝ, а чудните настани во домот само ја засилиле таа врска.
Колку повеќе Сара прашувала, толку повеќе татко ѝ се отворал, и ѝ кажал дека вештерството е „кои сме ние како семејство,“ укажувајќи дека тоа е длабоко вградено во семејната традиција. Тоа откритие одеднаш ѝ дало ново чувство на идентитет. „Навистина чувствував како да имав…како да открив клуч за нешто што бев создадена да го правам, а идентитетот е огромна работа, особено кога си тинејџер.“ Таа објаснува дека тоа чувство ѝ дало нова насока и сигурност во себе. „Имав целосен олтар поставен во мојата спална соба,“ додала нагласувајќи колку сериозно ја сфатила својата новооткриена улога и колку длабоко се посветила на тоа. Се сметала за „добра вештерка“ и практикувала таканаречена „бела магија,“ често и самата фрлајќи магии. „Сè во вештерството е изопачена вистина од Бога” рекла таа. „Сатаната нема нови идеи, тој ја зема вистината и ја извртува.“
Духовни водичи и корените на хаосот
Со текот на времето, работите почнале да се менуват. Иако се „почнало одлично,“ наскоро врската на Сара со татко ѝ почнала да се распаѓа, како и семејните околности. Најважното што Сара сака да го пренесе на сите, особено на тинејџерите е тоа дека непријателот целосно те заведува. Тој не доаѓа со голема зла намера… тоа е постепено бавно вовлекување, и одеднаш имаш моќ.
Со текот на времето, играњето со оган донело последици, на крајот, сè тргнало наопаку. Имало духови со кои мислела дека соработува, за кои верувала дека се добри и дека ја водат. Но комуникацијата со тие духови наскоро станала опасна, испраќајќи ја по ѓаволскиот пат што можело да ѝ го одземе животот.
Најстрашниот момент во мојот живот
Сè кулминирало кога татко ѝ, запаѓајќи во криза, почнал да користи дрога. Тоа одеднаш ја замаглило врската што ја изградиле и работите станале лоши. Една ноќ, татко ѝ во бес, збунет и не сфаќајќи која е таа, насочил пиштол кон неа и тоа била ситуација која можела да биде смртоносна. Тоа бил најужасниот момент во нејзиниот живот. Тој имал, три пиштоли со себе во тој момент, а мајка и заминала со нејзината помала сестра за да ја однесе на побезбедно место, оставајќи ја неа таму.
За среќа, таткото на Сара никогаш не го повлекол чкрапалото, но настанот променил сè и влијаел кај неа да се појават самоубиствени нагони.Тоа ја скршило нејзината доверба во него, и ја турнало уште подлабоко во вештерството. „Бев изгубена… но бидејќи имав олтар во мојата соба и реквизити за вештерството, си реков: „Добро, знаеш што, ќе продлабочам уште повеќе во оваа сфера.“
Самоубиствена промена
Во исто време, Сара се сеќава дека била прогонувана од страшни соништа и чувство дека духовните искуства што толку ревносно ги прифатила почнуваат да се претвораат во нешто лошо. На почетокот, претпоставила дека прави нешто погрешно што ги налутило духовите и се обидела да го поправи тоа. „Бев свесна за промената, но не знаев зошто се случи,“ рече Сара. „И претпоставив дека јас правам нешто погрешно, па на некој начин се вложив уште повеќе во тоа, затоа што тоа беше единственото прибежиште што го имав.“
Тој план ја оставил уште поочајна, бидејќи чувствувала дека духовите ја поттикнуваат да ја прифати идејата дека единствениот начин да се извлече е да го заврши својот живот. На почетокот, чувствувала страв, но претпоставила дека лагите што ѝ се шепотат на некој начин се вистини. Морала да собере храброст за да ги послуша.
Еден ден излегла надвор и била решена да им верува на духовите и да го направави тоа. Но нејзиниот обид да го искористи автомобилот за да предизвика труење со јаглерод моноксид и да си го одземе животот чудесно пропаднал. Сара и денес размислува дали била натприродно спасена, бидејќи нема никакво сеќавање за тоа што се случило пред да се разбуди легната на земја надвор од автомобилот. „Мислам дека бев спасена. Искрено мислам дека бев спасена затоа што се разбудив. Не се сеќавам дека го изгасив автомобилот. Не се сеќавам дека излегов од автомобилот,“ рекла таа. „Буквално се разбудив на земја до едно дрво. Затоа целосно верувам дека ангел ме извадил од тој автомобил.“
Другите нејзини обиди да си го одземе животот, за среќа, биле исто така безуспешни.

Наоѓање на Исус среде пепелта
Додека семејниот хаос и финансиските проблеми на Сара се влошувале, таа заминала на колеџ – и токму таму доживеала неочекувана животна промена. Тинејџерката-вештерка одеднаш се наоѓа во заедничка соба со христијани – и тоа било шокантно искуство, најблаго речено.
Новите пријатели на крај ја убедиле Сара да присуствува на христијански собир на кампусот, и токму тогаш првпат била запознаена со Евангелието. „Сè уште ја паметам целата проповед… поминаа повеќе од 30 години… затоа што беше за олтарите,“ рече таа, забележувајќи дека пораката делумно се однесувала на Илија и пророците на Ваал.
Размислувала како невистините често се искривени вистини додека седела и слушала. Кога тие искривувања се корегираат, работите почнуваат да се исправаат, а чистата, неискривена вистина станува полесна за гледање. Сара почнала да се прашува дали, среде своето вештерство и окултизам, всушност живеела изопачена верзија на реалноста.
„Јас барав, сакав вистина, и целосно верував дека она што го најдов во вештерството е вистина,“ рекла таа. „Па кога ја слушнав таа проповед… сфатив дека… ако ова е вистина, тогаш она што го правев дотогаш беше сосема погрешно. И можеби ова е вистината што отсекогаш ја барав.“
Тоа сознание ја довело Сара во христијанската вера и целосно ѝ го трансформирало животот. Таа ја прифатила Библијата и се откажала од вештерството, што создало тензии со нејзиниот татко. „За него тоа беше како анатема, затоа што беше како: ‘Јас те научив на подобро од ова,’“ се присетила таа, објаснувајќи дека татко ѝ го гледал христијанството како суштински „глупаво.“ „Тоа беше предавство за него што станав христијанка, и беше бесен долго време.“
„Видеото е преземено преку YouTube embed од каналот: Sarah Anne Sumpolec“
Извор: Sarah Anne Sumpolec
Ништо не ја спречи Сара на нејзиниот христијански пат. Денес, таа е благодарна за своето „драматично сведоштво“ и често ја споделува својата преобразба од тинејџерка-вештерка во следбеничка на Христос преку интервјуа и пишани зборови. „Јас требаше да бидам мртва. Ќе бев мртва,“ рече таа. „Навистина бев пренесена од царството на темнината во царството на светлината.“
Извор: https://cbn.com/news

