Семејство

СКАНДАЛ НА МОДЕРНИОТ ЖИВОТ: Tехнологијата не е проблем, туку недостигот на човечка близина!

Понекогаш кога се чувствуваме исцрпено, осамено или преоптоварено, причината не е само во нас. Луѓето по природа се социјални суштества и нашата благосостојба е тесно поврзана со чувството на припадност и поврзаност со другите. Заедничките активности како разговорите со блиски луѓе, споделените оброци, заедничкото пеење и танцување, или едноставното поминување време во добро друштво го намалуваат стресот и подобруваат расположението.

Докажано е дека кога луѓето пеат во групи, мозокот ослободува окситоцин и ендорфини, хормони кои ја зајакнуваат поврзаноста и го намалуваат стресот. Кога луѓето танцуваат заедно, телото се ослободува од напнатост и ја враќа емоционалната возбуда. Кога луѓето јадат заедно, нервниот систем се опушта бидејќи добива сигнали дека е во безбедна зона. Овие едноставни чинови тивко му кажуваат на мозокот: „Безбедни сте, припаѓате овде, не сте сами“.

Во современиот начин на живот многумина поминуваат повеќе време сами, пред екрани или под постојан притисок од секојдневните обврски. Тоа не значи дека технологијата е проблем сама по себе, туку дека се повеќе недостигаат моментите на вистинска човечка поврзаност. Да, ти можеш да се јавиш некому или да му пишеш порака, но тоа не е доволно за да се развие вистински длабока и искрена релација. Контакт очи во очи, прегратка, насмевка, сето тоа му е потребно на човекот, не само додека е дете, туку и понатаму низ целиот свој живот, бидејќи кога сме со други луѓе, нашиот нервен систем добива сигнали дека сме безбедни и поддржани.

Затоа, ако понекогаш се чувствуваш осамено, преоптоварено или емоционално исцрпено, тоа не значи дека нешто не е во ред со тебе. Можно е твојот ум и тело едноставно да имаат потреба од повеќе поврзаност, заедништво и моменти споделени со други луѓе. Грижата за менталното здравје не е само работа на мислите. Таа вклучува и односи, поддршка, заедништво и чувство дека припаѓаме некаде.

Во Христијанска Црква „Блага Вест“ во РМ, секоја недела се собираме за да Го славиме Господ Исус Христос, и притоа се дружиме меѓусебно, разговараме, се охрабруваме, утешуваме, тука сме едни за други. Бог не создал за да ја примаме Неговата љубов, но и истата да ја делиме со луѓето околу нас. Тоа е Неговата волја за секој човек, па затоа ако сакаш да вкусиш од Неговата љубов и да живееш во заедништво со други верници, можеш да не посетиш на некоја од Богослужбите во нашата Црква.

Росана Христов

Можеби ќе ви се допадне

Семејство

Љубовта не се купува

  • 24.02.2026
Кога не си се посветил и љубов не си дал, а потоа го надоместуваш тоа со пари, цвеќе, подароци, тогаш
Семејство

Мажи, вашата сопруга е богатство!

  • 10.03.2026
Таа не е само ваша партнерка во животот, таа е скапоцен дар што ви го доверил Бог. Однесувајте се кон