Во нашето време, дигитализацијата стана доминантен начин на комуникација, работа и организација на животот. Податоците, информациите и идентитетите сè повеќе се пренесуваат преку електронски системи, што носи големи предности, но и дилеми поврзани со прашањата за приватноста, контролата и човечката слобода.
Заради јазикот на која е пишувана пред околу 2000 години, теолозите немаат усогласени и јасни ставови дали Библијата предупредува за опасноста од дигиталните технологии, но дава принципи за тоа како човекот треба да живее во секое време – со будност, духовно расудување и верност кон Бога:
„Сè испитувајте; држете се за доброто.“ – 1 Солуњаните 5:21
Во книгата Откровение се спомнува симболиката на „знакот на ѕверот“ на раката или челото (Откровение 13:16–17). Овој текст низ историјата бил толкуван на различни начини. Некои Христијани го толкуваат како знак на духовна припадност, односно систем на вредности и лојалност кон нешто што се спротивставува на Бога, а не како опис на конкретна технолошка појава.
Но сведоци сме на современите технолошки процеси како дигитализацијата и RFID системите, како и на концептот на „трансхуманизам“ – идеја според која човекот може да биде „надграден“ преку технологија, биоинженеринг, вештачка интелигенција и интеграција со машини, со цел зголемување на неговите физички и ментални способности. Оваа идеја го поставува човекот во нова перспектива: не само како биолошко и духовно суштество, туку и како систем што може технички да се подобрува, менува и поврзува со дигитални мрежи.

Со настапувањето на глобалната пандемија на К-19, владите од целиот свет добија наредба да спроведат целосна контрола врз населението, угнетувајќи ја нашата слобода на движење, нашата економска активност и нашите одлуки за здравствена заштита, бидејќи мораше да добиеме бесконечен број дози на „боцки“ со мистериозни супстанци и тајни состојки.
Клаус Шваб, најголемиот амбасадор на трансхуманизмот, дури во една прилика отворено и истакна: Што се тие вакцини?
Па тие НЕ СЕ вакцини, тие се експериментална генска терапија. Така да, 4-тата индустриска револуција (познатa како Големо ресетирање или Агенда 2030) штотуку ве промени, ако сте ја примиле вакцината.”
Извор на видеото Телеграм канал: Maranatha
Оваа информација е исто така застрашувачка; Јапонија дозволи да се вршат генетски експерименти помеѓу човечка и животинска ДНК:
Ова веќе ги објавува намерите на глобалистите – владетелите во сенка од овој свет, кои се „кријат“ зад формално избраните човечки власти, за контрола и промена на нашата суштина како луѓе, за промена на нашата ДНК.
Според Христијанските толкувања, ваквите тенденции се поврзуваат симболички со визијата од Книгата на Даниел 2 глава каде се опишува ликот на големата статуа со делови од различни материјали:
„И како што прстите на нозете беа делумно од железо, а делумно од глина, така и царството ќе биде делум силно, а делум слабо. А она, пак, што си видел железо, измешано со грнчарска глина, тоа значи дека царевите на тоа царство ќе се обидат да се соединат преку мешани бракови меѓу себе, но нема да се слеат едно со друго, како што железото не се меша со глината“. – Даниел 2:42–43
Толкувањето на оваа визија, мешавината од „железо и глина“ често се разбира како обид за спојување на нешта кои по природа не се споиви – сила и кршливост, машина и човек, систем и индивидуалност.


Па така, сите овие иновации во технологијата ги идентификуваат актуелните технологии од овој 21 век, со библиските пророштва.
Во христијанската есхатологија (учење за последните времиња), постојат различни разбирања за настаните што ги опишуваа пророците и апостолите.
Новиот Завет повикува на будност, но истовремено и на воздржаност од прецизно предвидување на времињата:
„А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, туку само Мојот Отец.“ – Матеј 24:36
Исто така:
„Зашто Бог нè определи не за гнев, туку да добиеме спасение преку нашиот Господ Исус Христос.“ – 1 Солуњаните 5:9
Навистина, различните генерации во историјата биле сведоци на бројни настани кои ги толкувале како „знаци на времето“, но како никогаш досега не сме биле сведоци на „поплава“ од знаци кои се случуваат паралелно и со сè поголем интензитет, и кои треба да предизвикаат аларм за будност, заради блискоста на Господовото доаѓање.
Во продолжение на претходно споменатите стихови од Книгата на Даниел, втора глава, споменато е и дека токму во вакво време, кога ќе започнат вакви експерименти на мешање на „глината со железо“, односно на човекот со новите технологии ќе настапи Божјото царство!

„И во деновите на тие царства небесниот Бог ќе подигне царство кое нема да се разруши никогаш, а тоа царство нема да биде предадено на друг народ; тоа ќе ги победи и разруши сите царства, а само тоа ќе остане вечно.“ – Даниел 2:44
Промените се случуваат, знаците се тука и човештвото се наоѓа пред една застрашувачка иднина, која оди дури илјадници години подалеку од ова време во кое се наоѓаме. Но, застрашувачка е за оние кои се неверници, бунтовни по природа и кои Го немаат прифатено Исус за Свој Господ и Спасител. Сето тоа е запишано во последната Книга Откровение од апостолот Јован.
Но има надеж!
„Покајте се, пак, и обратете се, за да се очистите од гревовите ваши, за да дојдат од Господ времиња за освежување и Тој да ви Го прати вам претскажаниот Исус Христос“ – Дела апостолски 3:19-20
Во ова време на промени, нешто сепак останува непроменето, а тоа е централната порака на Евангелието: повик кон вера, покајание, љубов, будност и трезвеност.
Тоа е пораката која сега треба да ја примиме без одлагање!
„Во благопријатно време те услишав и во денот на спасението ти помогнав.“ Еве, сега е времето благопријатно; ете, сега е денот на спасението!“ – 2 Коринтјаните 6:2
Нашиот разум наоѓа смисла на постоење, а срцето мир, само во Христа, Кој е нашата вечна сигурност и непоколеблива стена.
Со љубов да го издигаме погледот кон Господ Исус Христос, Оној, Кој Прв нè возљуби и нè откупи со Својата крв и во тишината на срцето да копнееме по Него.
Нека нашата вера не биде разнишана од страв заради состојбите во светот, туку утврдена во Неговото Слово, кое останува единствена цврста основа, кога сè друго се менува.
И нека љубовта кон Христа биде наш здив, смисла на нашето постоење и наш „пасош за Божјото Царство“ – сè додека не Го видиме лице в лице, за потоа засекогаш да останеме со Него, во Неговата светлина и топла прегратка.
Те очекуваме! Дојди Господе Исусе Христе!
Подготви: Душанка Петрова

