Очевидци

Тој е посилен и од аутизмот

Детето ми беше различно, не можеше да ги прави работите што ги прават неговите врсници, од секаде потсмев, отфрленост… Докторите го кажаа своето,  дијагноза аутизам со ментален застој. Огромна тежина, тага, лутина, чувство на беспомошност, се ми беше измешано, а само сакав моето дете да биде здраво.

Како член на Христијанската црква Блага вест во Р.М. знаев дека за Господ Исус Христос нема ништо невозможно. Почнав да го носам на молитвени терапии (нормално кога имав прилика бидејќи живеам надвор од Македонија). После секоја молитвена терапија имаше подобрувања. Дома слушавме песни за славење на Бога, читавме Нов Завет и ги објавувавме Божјите ветувања за него како што имав научено во мојата црква. По неколку години, за време на короната, мојот син одлучи дека сака водно да биде крстен. Но баш тогаш имаше невреме и не можеше да се влезе во морето. Тој се молеше и после 3 дена морето се смири и желбата му се исполни.
По водното крштевање настана огромна промена во неговиот живот. Тогаш почна да нѐ слуша мене татко му, професорите и секојдневно почна да напредува во сите сфери на неговиот живот. На еден летен камп организиран од нашата црква, тој за прв пат седна да слуша проповед од нашиот Пастор Константин Кајшаров. На тој камп ја остави неговата хиперактивност. Тој беше дете што иако имаше завршено 6 одделение не знаеше да чита, ниту да пишува, иако јас и татко му цело време го учевме. Беше најслабиот ученик во  оделението и сите не убедуваа дека треба да оди во посебно училиште, за деца со посебни потреби, дека не може да напредува, дека има проблем, но ние не прифативме.

Еден ден слушајќи проповед од пастор Константин Кајшаров, еден дел ми се врежа во потсвеста и постојано ми одекнуваше во умот: Твоето дете и да е последно и да не го бива за ништо, ти поверувај дека ќе го биде, објавувај во името на Господ Исус Христос и тоа ќе се случи. Јас послушав, иако моето дете не знаеше дека 1 и 1 се 2, јас секојдневно кажував дека тој е голем математичар. Наставниците ми велеа дека не може да напредува, јас објавував во името на Господ Исус Христос дека е многу паметен и дека напредува. После водното крштевање за многу брзо време научи да чита и пишува, постепено почна да ја следи наставата на училиште. Една година подоцна тој веќе почна да постигнува големи резултати и го надокнади постепено материјалот што го изгуби претходните години.

Сите професори, знаејќи ја негова дијагноза, беа зачудени како напредува, зборуваа за неговата послушност и неговиот карактер. Денеска син ми е тинејџер, оди во средно училиште, нормално ја следи наставата и има големи резултати. Омилен предмет му е математика. Тој е целосно свесен кој беше порано, а кој е сега и е многу благодарен за тоа. Сите луѓе кои го знаат од самиот почеток се сведоци на чудата кои Господ Исус Христос ги направи во неговиот живот. Голема благодарност до нашите Пастори Константин и Милена Кајшаров кои нѐ учат како да одиме напред со вера во Бога. Благословена сум што сум дел од оваа жива црква во којашто живееме од победа во победа. Со ова само сакам да им порачам на сите да не се плашат од аутизмот, бидејќи нашиот Господ Исус Христос е посилен од сѐ па и од аутизмот.

Билјана Настоска

Можеби ќе ви се допадне

Очевидци

Повик кој го спаси животот на мајка ми

  • 24.02.2026
Повик за помош кој никогаш нема да го заборавам, зборови кои никој не сака да ги слушне и не ги
Очевидци

Докторите и предвидуваа само уште два дена живот, но се случи нешто натприродно

  • 25.02.2026
“Ѝ останаа уште два дена живот на вашата ќерка” – овие зборови точно на полноќ како ехо одекнуваа низ празниот