Очевидци

Од астрологија до вистина: патот што ми го смени животот

Мислев дека Го познавам Бог, додека не сфатив дека сум изгубена. Ова е моето сведоштво за вистинската средба, што засекогаш ми го промени животот.

Пред да го примам Исус за свој Господ и Спасител бев горда, себеправедна, религиозна, премногу емотивна, полна со стравови. Спасена по милоста на Господа Исуса Христа преку вератa во Него, сега сум трансформирана личност. Затоа го споделувам со вас своето сведоштво и Евангелието на Благодатта, како потик за другите да се спасат по милост на Господа.

По професија сум дипломиран правник, а моите пријатели, роднини и познаници, знаат дека имав познавање од астрологијата, за која мислев дека е наука. Но, сакам да ви кажам дека сето тоа е една голема лага која е спротивна на Светото Писмо. Не барајте помош од бајачи, гледачи, астролози, бидејќи единствениот лек, единствената надеж, вистина, пат и живот е Господ Исус Христос.

Токму во тој период кога се занимавав со астрологија, одеднаш моето здравје почна да се влошува. Ненадејно дојде до пад на мојот имунитет, имав отежнато дишење, не можев да голтам, бев само на течна храна и многу ослабев. Сите медицински испитувања и резултати покажаа дека сум во добра здравствена состојба, освен алергијата на куќна прашина. Агонијата на оваа состојба траеше долг временски период. Барав решение за мојот проблем на секаков можен начин.
Мислев дека сум верник и кажував дека верувам во Господ Исус Христос, но, не го познавав преку Светото Писмо – повеќе практикував традиција, ритуали, отколку вистинска вера во Него. Немаше манастир или Црква што не ја посетив, ниту ритуал што не го направив – крстени води, палење на свеќи, лепчиња за здравје, но се уште чувствував празнина во душата и слабост во телото. Замислете, жена верник во Бога, но за неа немаше лек! Зошто? Затоа што мојата вера беше мешавина од се.

Тогаш Бог ми отвори пат и ме прати кај Пастор Константин Кајшаров. Бев на консултација, а потоа и на молитвени терапии, каде што тој се молеше за мене, во името на Господ Исус Христос и со силата на Светиот Дух, и бев исцелена, преку раните Исусови – слава на Бога!
Не го величам Пастор Константин Кајшаров, тој е Божји слуга, духовен револуционер, сета слава Му припаѓа на Господ Исус Христос, но тој дозволи да биде употребен како Божји инструмент, мост на верата преку кој јас поверував и го примив Исус Христос за свој Господ и Спасител. Ме насочи да читам Свето Писмо и вистински да поверувам во делото што Исус Го направи на крстот за сите нас и притоа да се покајам за моите гревови, да настане “метаноја” во мене, односно промена на моето целокупно размислување и верување.

Веќе една деценија моите духовни родители, Епископите и Пасторите Константин и Милена Кајшаров, ме учат како да живеам во заедништво со Господ Исус Христос, како да се молам на Исус, да впивам од Словото, духовно да војувам, односно духовно да растам во Христа. Поминав многу обуки, семинари, Богослужби во заедништво со браќата и сестрите од Црквата Блага Вест во Р.М, се крстив со водно покајничко крштевање за простување на гревовите, но се крстив и во Светиот Дух.

Разбрав, дека животот со Бога е натприроден, кој се живее со помош на Светиот Дух од благодат во благодат, во победата извојувана од страна на Господ Исус Христос.

Духовниот живот го живеам со помош на Бога, преку Светиот Дух, Кој што ми помага да развијам подлабока интимна врска со Христос, живеејќи во Неговата праведност, по милост на Господа.

Не е случајно што го читаш ова. Можеби токму денес е твојот момент да направиш чекорот на вера, да поверуваш во Исус Христос, дека Тој е Божјиот Син и во тоа што Тој го стори на крстот за тебе и за целото човештво, бидејќи единствено преку верата во Него, можеш да живееш спасено и обновено по Милоста Негова. Ако со својата уста Го признаеш Исус за Господ, и ако во своето срце поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе бидеш спасен!

Изборот е твој!

Јана Савовска

Можеби ќе ви се допадне

Очевидци

Повик кој го спаси животот на мајка ми

  • 24.02.2026
Повик за помош кој никогаш нема да го заборавам, зборови кои никој не сака да ги слушне и не ги
Очевидци

Докторите и предвидуваа само уште два дена живот, но се случи нешто натприродно

  • 25.02.2026
“Ѝ останаа уште два дена живот на вашата ќерка” – овие зборови точно на полноќ како ехо одекнуваа низ празниот