Еден татко си имал големи и добри замисли за својот син, па ја кренал куќата на два спрата и цел живот го исплаќал кредитот на банката за тој проект. Синот пораснал, немал успех во наоѓање работа во родниот град, па ја напуштил државата. Родителите и нивниот син се гледале еднаш годишно за сезоната на годишни одмори. Еден ден таткото разбрал дека синот нема да се врати дома да живее, туку ќе останел во прекуокеанската земја и се запрашал: „за што јас плаќав кредит и градев и планирав?“
Тогаш ми се обрати и му реков:
„Има многу замисли во човековото срце, но што ќе науми Господ, тоа и ќе биде.“ – Изреки 19:21
Но зошто? Како тоа? – ме праша човекот збунето. А јас му цитирав:
„Зашто Јас ги знам Своите замисли за тоа што имам намера со вас – зборува Господ – замисли за мир, а не за несреќа: да ви дадам иднина и надеж.“ – Еремија 29:11
Но, јас планирав дека синот тука ќе остане и ќе го одржува лозјето, мислев тука ќе има иднина. Планирав тој тука да живее со нас, сега празна ни е куќата, ништо од планирањето – со тага ми сподели.



Тогаш одново му реков:
Слушнете ме сега вие, кои велите: „Денес или утре ќе одиме во тој и тој град и таму една година ќе работиме, ќе тргуваме и ќе заработиме.“ Што знаете вие за утрешниот ден? Од каде знаете дали утре ќе бидете живи? Вашиот живот е како утринската магла: ќе се појави за кратко и набргу исчезнува. Треба да велите: „Ако е Божја волја, ќе бидеме живи и ќе го правиме ова или она.“ Наместо тоа, вие самоуверено се фалите со вашите планови. Лошо е така да се фалите.“ – Јаков 4:13
Сега што да правам, веќе не планирам и што дека планирав, ништо од тоа. Во право сте сѐ што рековте, Господовата Волја е најважна. И сега како понатаму? На што да се надевам? Како да продолжам?
Тогаш му го споделив и овој цитат од Светото Писмо што му донесе светлина и волја за човекот да продолжи понатаму:
„Благословен да биде човек, кој се надева во Господа, и кому Господ му е надеж. Сличен е на дрво засадено покрај вода што ги пушта корењата кон потокот: не треба да се плаши од ништо кога ќе дојде жегата, на него зеленилото останува секогаш. Во сушна година не се грижи, не престанува да донесува плод.“ – Еремија 17:7

Некои луѓе ги оставаат своите патишта и тргнуваат по Божјиот Пат кој е Христос и продолжуваат, додека некои се жртви на своите разочарувања. Бог има решение за се, но дали ти допушташ Тој да те води во животот зависи од твојот избор.
Извадок од книгата „Биди поинаков“ од М-р Константин Кајшаров

