Семејство

Воспитувањето како патување: предизвици и искушенија на современите родители

1. Дозволуваат децата да одлучуваат
Помеѓу тоа децата да бидат слушнати за нивните потреби и да го имаат последниот збор постои разлика. За жал, многу родители, сакајќи да им угодат на децата, ги поставуваат на тронот во нивниот дом. Ова понатаму може да води до безредие и немање јасно поставување граници кон децата.

„Разузданото дете ја срами својата мајка.“
Изреки 29:15

2. Даваат љубов но изостанува укор
Родителите сакаат да им дадат се на своите деца, избегнувајќи ги моментите кога треба да бидат строги и да дисциплинираат, зошто тоа знае да биде неугодно, како за детето, така и за родителот. Но, љубовта која не укорува не е целосна и во ваков случај децата остануваат во комфорт зона по цена на личниот раст и изградба.

„Зашто кого Господ го љуби, него и го изобличува како таткото синот, кого го љуби.“
Изреки 3:12

3. Емоционалната валидација ја ставаат пред вистината
Современите учења ја истакнуваат важноста за правилната емоционална регулација, односно како родителот треба да ги пресретне емоционалните потреби на детето. Сепак, иако чувствата се важни, тие не треба да бидат водилка или краен авторитет, ниту кај детето, ниту кај родителот. Ако децата се учат дека е во ред да бидат раководени од емоциите, тие може да израснат со недостаток на мудрост и правилно расудување при носење на одлуки кое не е водено од емоциите кои се моментални и променливи.

„Глупоста се прилепува до срцето на детето, прачката на поуката ја отстранува од него.“
Изреки 22:15

4. Дозволуваат друг да ги воспитува нивните деца
Брзиот начин на живот ги насочува многу родители да допуштат децата да поминуваат многуповеќе време во градинка, во школо, со други активности, со баби и дедовци, пред телевизор, со мобилни уреди итн. отколку со нив. Иако голем број од овие активности сами по себе не се лоши, сепак дисциплината и воспитувањето треба да започне од дома, од родителите и времето што родителите го поминуваат со своите деца е многу важно.

„Овие зборови што денес ти ги заповедам, нека ти се врежат во срцето. Напомнувај им ги насвоите синови. Зборувај им за нив кога седиш дома во својата куќа и кога одиш патем; когалегнуваш и кога стануваш.“
Второзаконие 6:6-7

5. Ги воспитуваат децата да се однесуваат културно, но не и да се водени од Светиот Дух
Многу често родителите се фокусираат на манирите и културното однесување, но забораваат да гипоттикнат децата на раст во релацијата со Бог. Културно дете кое не го следи Божјото водствоможе лесно да тргне по погрешни патишта во животот.

„Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене.“
Матеј 15:8

6. Ги поттикнуваат на успех, но не и на целосна предаденост кон Бог
Родителите го сакаат најдоброто за своите деца. И често ги поттикнуваат да се стремат конподобри оцени, повисоки цели, поголеми успеси во животот. Нема ништо погрешно во тоа, но не треба да се заборави дека најдоброто нешто што може да го направат за нив е поттик кон вистинска и длабока вера во Бог.

„Зашто, што му користи на човекот, ако го добие целиот свет, а на својата душа и напакости!“
Марко 8:36

7. Ставаат голем фокус на тоа како ќе се прикажат пред светот
Во ера на социјални мрежи, често родителите повеќе време и енергија трошат за нивниот живот да го прикажат во најдобро светло пред останатите, заборавајќи едноставно да бидат присутни, уживајќи го секој момент со своите деца во целосна посветеност кон нив.

„Што и да правите, правете го од душата како за Господа, а не за луѓе.“
Колосјани 3:23

8. Бараат себе-валидација преку животот на своите деца
Понекогаш родителите ги форсираат своите деца да се трудат да постигнат успеси во различниобласти,бидејќи внатрешно ги доживуваат успесите на своите деца како потврда дека тие се добри родители. Сепак, како христијани, нашиот идентитет е во Христос, а не во достигнувањата на нашите деца.

„Еве, синовите се дар од Господа, Негова награда е: плодот на утробата.“
Псалми 127:3

9. Ја занемаруваат молитвата за своите деца
Често родителите читаат литература која се однесува на односот со децата, разговараат со стручни лица, бараат разни информации на интернет, но забораваат да се молат за своите деца. Советите може да помогнат, но Бог е тој кој може да ги промени срцата, околностите и ситуациите во кои се нашите деца, заштитувајќи ги целосно.

„Молете постојано!“ 1 Солунјани 5:17

10. Го прескокнуваат одењето во црква заради други активности
Некои родители, иако се верници сметаат дека ако детето во истото време има некоја друга активност, како тренинг на фудбал или кошарка, не мора да доаѓа на Богослужба. Иако навидум безопасно, кога ова се допушта, во очите на детето духовните активности стануваат опциони, а не приоритетни.

„Да не ги напуштаме своите собранија, како што некои имаат обичај, туку да се бодриме еден   друг, и тоа дотолку повеќе, доколку гледате дека наближува Денот!“
Евреи 10:25

Децата навистина се дар од Бога. Затоа секојдневно да Му благодариме на Христос што ни дава мудрост и водство преку Светиот Дух во воспитувањето на нашите деца.

„А Исус рече: Оставете ги децата и не им пречете да дојдат при Мене, зашто на таквите им  припаѓа небесното царство.“
Матеј 19:14

Извор Instagram: stellaignites

Можеби ќе ви се допадне

Семејство

Љубовта не се купува

  • 24.02.2026
Кога не си се посветил и љубов не си дал, а потоа го надоместуваш тоа со пари, цвеќе, подароци, тогаш
Семејство

Мажи, вашата сопруга е богатство!

  • 10.03.2026
Таа не е само ваша партнерка во животот, таа е скапоцен дар што ви го доверил Бог. Однесувајте се кон