Дали секојдневната рутина те обременува?
Можеби не забележуваш кога Бог ти зборува во срцето, кога со љубов на родител ти дава
насоки и водство за многу животни ситуации. Не слушаш, бидејќи времето те “притиска”,
имаш премногу обврски и постојано некој нешто очекува од тебе. Ги впиваш гласните,
хаотични нешта, кои носат брз ритам и ти ја крадат радоста. Звукот на секојдневието
често носи немир и незадоволство.
Направи промена
Не чекај да помине времето, децата да пораснат, да дојдат поубави денови, туку живеј ги,
не дозволувај соништата да ти пропаднат, не ја пополнувај празнината со пороци и
минливи задоволства, не се крши одвнатре. Не чекај да остариш без спомени, без доволно
насмевки, прегратки и без мир.
Едноставно е, Бог вели:
“Еве, стојам на вратата и чукам, ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам
при него и ќе вечерам со него и тој со мене.” Откровение 3:20
А таа врата е вратата на твоето срце. И доколку во срцето поверуваш и со устата твоја
исповедаш дека Исус е твој Господ и спасител, тогаш секоја рана ќе биде исцелена, секоја
празнина пополнета и целиот твој живот совршено организиран.
Кога Исус живее во срцето, тогаш Неговиот топол глас, полн со љубов, зборува погласно
од гласот на светот.
Секојдневието се исполнува со свежина, инспирација, креативност, полетност, а ти сѐ
можеш преку Христа, Кој ти дава сила.
Се е минливо, само Бог е вечен
Може и сите да те напуштат, но Тој никогаш нема. На тебе останува да му го довериш
твојот живот додека не е предоцна за тоа.
Затоа отвори го твоето срце и кажи:
-Денес ја избирам љубовта и од овој миг јас не живеам повеќе, туку Ти господе Исусе
Христе живееш во мене седнат на престолот на мојот живот. Те избирам за мој Господ и
Спасител. Ти благодарам што Твојата љубов ме исполни целосно и му даде смисол на
моето постоење!

