Очевидци

Гласот што ми го промени животот

Патувам туристички кон Кападокија во автобус полн со патници, со кои се запознаваме . Патот до Кападокија чудесен, лесен, иако долг, никој не осети умор. Стигнавме попладне во преубавиот град Ѓореме, во областа Кападокија и се сместивме во хотелот. Утредента ја следевме агендата на водичот, посетивме Христијанско подземно градче, а потоа отворени цркви. 
Следното утро имавме патување со балон. Возбудата беше голема, како се искачуваме во височина, во мене мир и слушам глас: „Христијанска Жива Црква“. Ги прашувам луѓето околу мене дали и тие слушнаа, дали знаат што значи тоа, бидејќи јас не сум слушнала. Тие што беа околу мене ми рекоа дека воопшто не слушнале, дека никој, ниту водичот не споменал Христијанска Жива Црква.
Бев упорна и ги прашував сите од групата, но никој не ми потврди, а моето чувство дека слушнав остана запечатено во мене.

Се препуштив на убавината на возењето со балон на изгрејсонце, во мир и тишина, гледајќи го убавиот пејзаж на Кападокиа од височина. Денови поминуваа, спомените останаа, а јас се вратив со прашањето кое НЕ ми беше одговорено: Што е тоа: Христијанска Жива Црква?

Една година помина,  јас со мојата пријателка која ме повика, се пријавив да одам на семинар „Фејт Коучинг“ во Христијанската црква Блага Вест во РМ, под водство на Епископ Константин Кајшаров.  Преубав семинар, ме освои од првиот момент, се беше толку вистинито за мене, сѐ што беше кажано бешe со поткрепа од Светото писмо.
За мене тоа беше нешто што ми недостасуваше во моето срце, тело, дух и душа. Ме освести за многу теми што беа отворени и за кои во мојот живот немав слушнато, иако се прашував до кога ке одам надолу и кога ќе ја видам светлата точка во мојот живот.
Продолжив да одам, Бог полека ми ги отвараше вратите, дел по дел се лупеа корупки од мојот ум.  Секогаш се радував кога ја посетував црквата, се запознавав со сестрите и браќата во ХЦ Црквата Блага Вест во РМ. Читајќи од Библијата се повеќе осознавав за Христијанството, за Исус Христос и што направи Тој за нас. Чувствував дека Бог толку многу ме засака што си Го даде Својот Единороден Син за да не спаси нас луѓето, мене, секој кој ќе поверува во Него и Го прими во своето срце, поверував цврсто.

Пастор Константин ме крсти водно во Струга. Го избрав Исус Христос за свој Господ, примив Божја прошка и љубов, ме преобрази, ми даде покајание, сила да простам на сите и себе си. Во мене се појави благодарност, љубов и жед за читање Библија. Наскоро потоа бев крстена и со Светиот Дух, ја почуствував припадноста во Црквата, се радував за секоја Богослужба, песна, семинар, летен камп, дружење. Го добив Божјиот мир и увереноста дека Бог е со мене, се радувам на секоја порака и насока што Бог ми ја упатува преку молитва и ми зборува.
Сѐ повеќе се молам да ми зборува, но и ме потсетува на гласот кој го слушав во Кападокија. Тој ме избра и ми прозборе, по Негова интервенција се случи семинарот на кој јас ја препознав Христијанската Жива Црква „Блага Вест“ – Скопје.

Го добив одговорот на моето прашање што е тоа Жива Христијанска Црква и станав дел од неа. 

Сега живеам живо христијанство во пракса, практикувам вера на Божји начин и се радувам на секакви благослови врз мене и моето семејство. Му Благодарам на Бога за Милоста и Благодатта Негова, зошто не заслужив а ме спаси, ме исцелува, ме подига и благословува преку Господ Исус Христос, едиствениот Пат и Вистина Кој ни дава живот и изобилие.

Благодарна сум на моите пастори Константин и Милена Кајшаров за нивната грижа за мене, за духовниот раст и благосостојба. Бог и Вас ве сака и чека да го побарате, Тој ви подава рака и ве извлекува од невољите, Тој е секаде со вас и каде и да сте ви зборува. Бидете во Божјиот мир и слушајте го гласот на нашиот Господ Исус Христос! 

Лејла Димитрова

Можеби ќе ви се допадне

Очевидци

Повик кој го спаси животот на мајка ми

  • 24.02.2026
Повик за помош кој никогаш нема да го заборавам, зборови кои никој не сака да ги слушне и не ги
Очевидци

Докторите и предвидуваа само уште два дена живот, но се случи нешто натприродно

  • 25.02.2026
“Ѝ останаа уште два дена живот на вашата ќерка” – овие зборови точно на полноќ како ехо одекнуваа низ празниот