Духовна аптека

Да се вратиме кон првата љубов во нашиот живот

Многумина денес го носат крстот како моден детал; обетки, приврзоци, прстени во облик на крст, крст кој виси на ретровизорот од колата, крст како прврзок на клучевите.
Притоа, мислат дека така покажуваат дека се големи верници.

Но крстот не е само симбол на Христијанството; тој е срцевината на пораката на Христијанството.
Апостолот Павле го отсликува тоа многу убаво во своето писмо до Галатјаните. Тој, иако по потекло бил од угледното племе на Венјамин, обрезан на осмиот ден, како што самиот вели „Евреин од Евреите“, образуван и религиозен фарисеј, сепак вели:

„Што се однесува до мене, да не даде Господ да се фалам со нешто друго, освен со придобивките од крстот на нашиот Господ Исус Христос. Поради тој крст, умре во мене интересот за овој свет, а умре и интересот на овој свет за мене.“ – Галатјаните 6:12

Ова го пишува во писмото до Галатјаните, затоа што тие биле Христијани, кои наместо лична релација со Господ Исус Христос, негувале религија. Како тоа би било разбрано во еден современ контекст?

Можеби вака, на пример:

Ако една жена, во својот брак постојано му готви омилени јадења на мажот, го чисти домот, пере, се грижи за децата и работи уште низа други работи, затоа што мажот ѝ се заканил: „Ако не го правиш тоа, ќе се разведам од тебе и ќе те избркам од дома“ – тоа е една работа.
Ама, ако таа го прави тоа затоа што си го љуби сопругот и семејството, тоа е друга работа.
И во првиот и во вториот случај, таа ќе го прави истото, но разликата е во мотивацијата. Во првиот случај, таа го прави тоа од страв, а во другиот случај, од љубов.

Затоа и Павле ја дава таа изјава, откога разбрал колку е важно тоа што Исус го направи за него на крстот. Делото на Исус на крстот му е поважно од се на овој свет, така што Павле го гради својот поглед на светот преку призмата на грандиозното откупно дело на Господ Исус Христос на крстот.

Зошто Павле покажал толку голема почит кон Исусовото дело на крстот?

Еве го одговорот:

„Христос ја исполни волјата на Бог, нашиот Татко и доброволно се предаде како жртва за нашите гревови, за да не спаси од овој зол свет во кој живееме.“ – Галатјаните 1:4

Делото на Исус на крстот беше од суштинско значење за Павле, па ајде нека биде така и со нас.

Затоа, во овој период на празнување на величествениот празник, Велигден, Денот кога ја славиме победата на Животот над смртта, да се оддалечиме од непотребните обичаи, традиции, чистење и украсување на домот, и наместо тоа, да се фокусираме на свесноста дека Исус го зазеде нашето место на крстот, Тој осиромаши за ние преку Него да се збогатиме, Тој го прими нашиот немир, срам, болки, болести, дијагнози, казните за нашите гревови, Тој ги прими раните во Неговото тело за ние преку вера во Него да се исцелиме.

Заради Неговата љубов кон нас, што ја покажа на крстот, Исус со право заслужува и нам да ни е на прво место во животот. Да се вратиме на Исус, нашата прва Љубов!

Душанка Петрова

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е