Се додека давате чест и слава на Светците и ги издигнувате како чувари на куќата и извор на благослов како тие да се богови, се дотогаш ќе бидете страдални и ќе го чувствувате благословот дека е блиску, но не допира до вас, како да ви бега. Зошто?
Бидејќи Господ вели во Светото Писмо: Јас, Господ Ми е Име, не му ја давам Мојата Слава на друг, ниту Својата чест на киповите. – Исаија 42:8
Ти вршиш грев кога светците ги издигнуваш во слава како да се богови! Зошто никој не ти кажал? За да има бизнис за некого (петолебија, слави, осветувања итн.).
Ако сакаш да Го прославиш Бога тоа ќе го направиш вистински кога ќе Го прославиш Исус Христос како Господ, еве доказ:
И откако се најде во лик како човек, Тој се понизи Самиот Себе и стана послушен до смрт, дури и до смрт на крст. Затоа и Бог Го превозвиши и Му подари име, што е над секое име, и во Исусовото име да се поклони секое колено на оние: кои се на небото, и на земјата, и под земјата; и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бог Таткото. – Филипјаните 2:8-11
Ако сте верници во Бога нема да правите идоли од светци, тие биле луѓе кои служеле на Господ Исус Христос и животот го дале за верата, тие се пример за посветеност, но не за да бидат обожувани како богови кои исполнуваат желби. Покајте се за да не живеете во грев, бидејќи кога сте во грев ѓаволот има достап до вас и вашето семејство и тогаш се случуваат несреќи во вашето живеење како болести, сообраќајни незгоди, ненадејна смрт, неплодност, пречка во брачна реализација или разводи и др.
Бог не казнува, но вие кога допуштате ѓаволот да има достап до вашиот живот ќе доживувате проблеми и ќе чувствувате дека Бог е далеку од вас иако тоа Бог не го сака за вас. Бог не казнува, Исус ја плати казната за нашиот грев, но за да биде валидна таа отплата, спасение и благослов во вас треба да живеете со вера во Него, не во нешто кое е предмет на вашето обожување како што се светците, парите, телото, грижите, амбициите кои ги правите идоли или богови.
Читајте Свето Писмо и разберете дека Христијанството е повеќе од религија (традиција), Христијанството е жив однос со Бога.
Извор: kaysharov

