Здравје

Дали твојата перница работи ПРОТИВ твоето здравје?

Можеби не сакаш да размислуваш за тоа кога си преморен и едвај чекаш да легнеш и потонеш во сон, но твојата перница е прав мал екосистем. Зошто? Затоа што во текот на ноќта ја апсорбира влагата, потта и мртвите клетки на кожата – што ја прави идеален “инкубатор” за несакани гости.

Што вели науката?
Истражувањата покажуваат дека просечна перница после две години користење може да содржи значителен процент од својата тежина во форма на грини, нивни измет и габични спори.

Габична контаминација: Студија објавена во списанието Allergy  открила дека во перниците (особено во синтетичките) може да се пронајде помеѓу 4 и 16 различни врсти на габи, вклучувајќи ја и Aspergillus fumigatus, која може да влијае на дишните патишта.

Решение – природно стерилизирање на перницата на сончева светлина еднаш неделно
Моќта на UV зрачењето: Природната сончева светлина не е само “бабин лек”. Истражувањата во областа на фотобиологијата потврдуваат дека UV зраците имаат гермициден ефект така што продираат низ мембраната на микроорганизмите и ја оштетуваат нивната ДНК, спречувајќи ја нивната понатамошна репликација.

Зошто сoнчањето на перниците е задолжително?
Изложувањето на перницата на сонце еднаш неделно помага на три нивоа:
– Дехидрација: сонцето ја извлекува влагата со што се уништува живеалиштето на грините кои без влага неможат да преживеат.
– Природна стерилизација: UV зраците делуваат како бесплатно, еколошко средство за дезинфекција.
– Освежување на влакната: Сончевата топлина и помага на перницата да го врати својот волумен и ги неутрализира непријатните мириси преку оксидација.

Совет плус: Покрај редовното перење на јастучницата, твојата перница заслужува барем два часа изложување на директно сонце секој викенд.
Твојата кожа и твоите бели дробови ќе ти бидат благодарни.

Извор: fitmind.rs

Можеби ќе ви се допадне

Здравје

Здрави бајадери

  • 27.02.2026
Има ли некој што не сака бајадери? Овие бајадери се поздрава верзија на оригиналниот рецепт и буквално го имаат тој
Здравје

Подобри го целокупното здравје и животна енергија преку танцување

  • 02.03.2026
Танцувањето не е само уметност или забава, туку алатка за унапредување и поддршка нацелокупното здравје. Танцот е една од ретките