Духовна аптека

Највозвишената љубов што го прегрнува целиот свет

Светото Писмо за љубовта вели дека сè премолчува, сè верува, на сè се надева, сè трпи, дека љубовта никогаш не престанува.
Највозвишената љубов, онаа која е совршена не е таа за која читаме во бајките, туку онаа која Господ Исус Христос ни ја покажа преку Неговото дело на крстот. Љубов, толку силна, која го прегрна целиот свет, целото човештво, љубов која Исус ја покажа, висејќи распнат и измачуван на крстот, за ние да живееме во благослов и победа.

„Беше презрен, отфрлен од луѓето, човек на болката, свикнат на страдањата, од Кого секој го отстранува лицето, беше презрен, и за ништо го сметавме. А Тој ги понесе нашите болести, ги зеде врз себе нашите болки, додека ние сметавме дека Бог Го бие и Го понижува. За нашите престапи беше прободен, сотрен, за нашите беззаконија.
Казната за нашиот мир падна врз Него, преку Неговите рани ние се исцеливме. Сите скитавме како овци, и секој одеше по својот пат. А Господ ги возложи на Него беззаконијата на сите нас. Го измачуваа, а Тој оставаше, и не ја отвори Својата уста. Го одведоа како јагне на колење; како овца нема, пред оние што ја стрижат, не ја отвори Својата уста“ – Исаија 53:3

Да се верува во Господ Исус Христос значи да се живее во победа, која Тој ја извојува на крстот, над смртта, над сатаната, над болестите и над сето зло, за мене, за тебе, за целото човештво.
Нема поголема радост од сознанието името да ти е запишано во книгата на животот. И нема поголема љубов од таа, со која Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.

Нема поголем подарок од тоа по благодат да си спасен, преку верата во Господ Исус Христос. Нема поголемо чувство на сигурност од тоа да си во Божјата закрила и да не се плашиш повеќе од ништо, спокојно да легнуваш и да заспиваш. А колку ли е прекрасно да знаеш какви чудесни ветувања остави. Тој ги укрепува срцата на сите кои се надеваат на Него. Освежување е за нашата душа и не води по патеките на правдата, поради Своето Име. Исус Христос ни покажа љубов на дело, која не се опишува со збор, туку се чувствува преку секоја наша воздишка и во секое отчукување на нашето срце.

Маја Јовевска

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е