Подолг временски период имав болки во колкот, како поминуваа деновите болката стануваше неподнослива, и еден ден додека бев на работа целата нога ми оттрпна и не ја чувствував. Во консултација со докторот направивме неколку снимки и се виде дека има коскена циста на зглобот на бутната коска под колкот. Операцијата беше успешна, но сепак не зараснуваше зглобот, ниту пак се исполнуваше местото каде што ми беше бушена бутната коска за да дојдат до цистата. Докторот кажа дека тие направиле се што можат и ми рече сега си во Божји раце, но и дека ќе треба нова операција за да не дојде до скршеница на бутната коска или пак на колкот.
Дојдов дома, едвај некако клекнав на коленици и со поклон до доле, со солзи во очите, за првпат побарав од Бог да ми каже каде да го барам лекот за проблемот кој го имав.
Во тој момент како мисла добив порака од Господ Исус Христос и тоа беше: „Молитвена терапија”. Да тоа ми беше потребно, но прашав каде, тогаш повторно како мисла: „во Црквата Блага Вест во Скопје, Пастор Константин Кајшаров“.
Незнаев како да стапам во контакт, но Бог ми посочи еден пријател на кого му пишав и тој веднаш ми се јави. Му кажав за што се работи, ми даде број се јавив и ми закажаа молитвена терапија. Незнаев како ќе отидам на молитвена терапија, но мојата вера во Господ Исус Христос ми даваше сила, па заминав со автобус, а потоа со такси до Црквата.
На молитвената терапија првпат слушнав за тоа што Господ Исус Христос направил на крстот за мене, но и за сите луѓе од овој свет. Ме воведоа во молитва и Го примив Господ Исус Христос за мој Господ и Спасител и додека се молеа за мене почувствував како одозгора надолу врз мене протече топлина, тоа беше Божјата исцелителна сила.На местото на операцијата чувствував како нешто да тупка, како срце што чука, почувствував големо олеснување.
На консултацијата со Епископ Константин ми беа закажани и неколку третмани за масажа. После првата молитвена терапија и првиот третман јас повторно направив снимка, и со вера во Господ Исус Христос дека нема да има втора операција отидов на контрола кај докторот што ме оперираше. Одговорот беше дека за сега нема да има операција бидејќи започнал процес на зараснување. Излегов надвор и Му заблагодарив на Господ Исус Христос што нема втора операција.
Следуваа уште две молитвени терапии. На последната, Епископ Константин Му заблагодари на Господ Исус Христос што сите кој одиме на патерици ги оставаме патериците и дека Божјата Семоќна Десница не крепи и нема да паднеме туку со вера ќе чекориме напред. Додека одев по пат за дома тие зборови силно ми одѕвонуваа во уши, за момент застанав ги оттгнав патериците од мене и со вера дека Божјата Десница ме крепи почнав да одам.
Кога дојде денот за да одам на работа побарав од Бог да ми даде визија дали мојата нога е зарасната и дали ќе можам да работам. Во сон видов човек облечен во бело седи до мене свртен со грб, а наоколу многу народ, Јас Му се обратив со докторе овде ме боли, а Тој ми рече да Му покажам каде точно, тогаш го видов зглобот како се исполнува.
Додека одев на молитвени терапии и на масажи јас ја читав и Библијата, Светото Писмо, особено Новиот Завет, кое што многу ми помогна за духовно да се кренам. Ги слушав и песните од Епископ Константин Кајшаров кои всушност се извадоци од Божјите ветувања пишани во Светото Писмо. Библијата секогаш ја читам одново и одново бидејќи Бог секогаш ни дава нови откровенија за нас.
Денот кога тргнав на работа сопругот ме убедуваше да не одам без патерици бидејќи работата ми беше во стоење, а јас му реков дека Бог е со мене и Тој ќе ме крепи со Неговата Семоќна Десница. Во духот осетив дека ми е потребно охрабрување и отворив Свето Писмо а стихот кој го прочитав беше големо охрабрување за мене.
Не плаши се, зашто Јас Сум со тебе; не вознемирувај се, зашто Јас Сум Бог твој; Јас ќе те закрепам и ќе ти помагам, ќе те поддржам со Мојата победоносна десница”. – Исаија 41:10
И еве Слава и Фала на Господ Исус Христос јас денес одам, работам без никакви проблеми. Благодарам на Господ Исус Христос за нашите Епископи Константин и Милена Кајшаров, кои се продолжена Божја рака, инструменти во Божјите раце преку кого Бог дејствува и се манифестира Божјата исцелителна сила. Слава на Бога што преку богослужбите, семинарите организирани од Епископ Константин Кајшаров добиваме поуки и духовно растеме. Слава на Бога!
Елизабета Саздовска

