Духовна аптека

Промена на идентитетот преку Божјата благодат

Ако досега се идентификуваше себе си како наркоман, проститутка, алкохоличар, жртва на семејно насилство, перверзник, губитник, кукавица, коцкар, отфрлен, подмолен, криминалец, насилник, убиец, или пак како дијабетичар, тежок пациент, срцев болесник, епилептичар, човек со канцер, од сега имаш привилегија да се идентификуваш во Христос како Негов претставник, односно како Божјо дете. Бог те избра да си Негово дете и да те сака за да живееш со Него во вечноста.

Не секој ќе го добие тоа, но ти беше одбран, верувам дека Го прифати Исус во твоето срце и Неговата Милост, затоа сега треба да го живееш тоа и да ја замениш деформираната слика за себе си, со вистинската слика за тоа како Бог те гледа. Бог е совршен и Тој дава совршен одраз за да видиш кој си ти. Не постојат други огледала кои ќе ти кажуваат кој си, освен Бог кој ти покажува преку Неговото слово дека си негово дете. Словото Божјо е твоето огледало:

“Сите стануваме Божји деца, преку вера во Исус Христос. Сите што преку крштавање во името на Христос се идентификуваа со Него, станаа како Христос.” – Галатјани 3:26,27

Значи ти стануваш Божјо дете САМО преку вера во Исус Христос, не преку донации, не преку добри дела, не преку жртвување, самоизмачување, пријателство со папата или поради твоите дарби. Сите што се крстија во Името на Христос се идентификуваа со Него и станаа? Посветени религиозни луѓе? – Не.

Сите станаа како Христос. Значи, ако и ти си крстен во Христа, тогаш и Ти стана како Него полн со благодат и Вистина и тоа ти го променува животот. Ти не си бог, но ти стана дел од Бог. Тоа ти го овозможи Исус и ти тоа не го заслужи, но го примаш по Милост или благодат на Бога. Ова значи дека живееш во Новиот Завет, но тоа пак значи, дека Стариот Завет веќе е укинат од страна на Исус Кој жртвувајќи се за нас, нѐ исчисти од гревот:

“Потоа додаде: „Еве, доаѓам да ја извршам Твојата волја.“ Со тоа Христос го укинува првиот Завет, за да воспостави нов. Поради таквата цврста решителност од страна на Христос – Тој да се жртвува за нас еднаш засекогаш – ние сега сме исчистени од гревот.“ – Евреи 10: 9,10

Ти си исчистен од гревот, што значи дека нема да си обвинет.
Како се стекна со праведност?

“Сега, кога стекнавме праведност преку вера, живееме во мир со Бог по заслуга на нашиот Господ Исус Христос. “ – Римјани 5:1

Ти си веќе направен праведен преку Христос и тоа го примаш преку вера, верувајќи дека заради тебе Христос беше обвинет за ти да си оправдан. Значи ти не си Израелец во Јудеизмот кој треба постојано да живее според Законот за да се стекне со праведност и да се исчисти, иако неможе тоа да се постигне. Кога човек постојано се пази да не згреши, тогаш уште повеќе греши и така станува фокусиран на своите слабости и гревови. Но ти не си твоето тело, ти не си господар сам на себе ниту спасител, ти си веќе во Христос и си исчистен од гревовите.

Извор: Победувај со Емануел, од Константин Кајшаров

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е