Очевидци

Силата која ме придвижи кон Светлината

Бев млада мајка и сопруга, растргната помеѓу работата и семејните обврски. Две мали дечиња, од кои едното со чести воспалителни процеси на белите дробови и неколку пати годишно престој во болница. Се кршев од внатре, сакав со свои сили да воспоставам баланс, а најважно од сè ми беше здравјето на моите најмили.

Но, се случи и јас да почувствувам голема слабост, немоќ во телото, чести вртоглавици и тахикардии. Ги направив сите медицински испитувања, мојот сопруг ми беше голема поддршка, која во тие мигови ми беше многу потребна. Сите резултати беа во најдобар ред, а јас оптоварена со безброј прашања, но без одговори.

Во меѓувреме моите ќерки посетуваа молитвени терапии, кој ги водеше пастор Константин Кајшаров, на кого му ја споделив мојата состојба. Тој ми кажа дека сето тоа што го чувствувам е од духовна природа и дека ми е потребен Исус, Нему да му ги предадам сите мои грижи и слабости, како и моето семејство.
Како да ми се отворија очите, во еден миг сфатив дека во мојата слабост,  совршено се пројавува Христовата сила, а тоа се случи кога искрено се покајав за сè и го поканив Господ Исус Христос да застане на престолот на мојот живот.

Тоа беше процес на мојата преобразба, со редовна молитва, силна вера и духовни совети, поуки посветеност со многу љубов околу мојот духовен живот, од пастор Константин. Следуваше период кога мојата ќерка целосно беше исцелена, белите дробови чисти, како никогаш да не била болна.
А јас од тој миг па се до сега ја чувствувам радоста која доаѓа од Христа  и која е постојана,  а воедно е и моја сила.

Сега работам самостојно, како овластен сметководител и имам многу повеќе време за моето прекрасно семејство, но најмногу од сè време за Бога, кој ми откри чудесни дарови и таленти, да пишувам проза и поезија, да бидам креативна во многу аспекти од мојот живот, но и да сум активен учесник во Божјото дело.

Како дел од Христијанската црква Блага Вест во РМ, осознав како да живеам победнички, со вера и со благодарност за се што Господ Исус Христос прави во мојот живот, да живеам благословено, но и јас да сум благослов за другите. 

Маја Јовевска

Можеби ќе ви се допадне

Очевидци

Повик кој го спаси животот на мајка ми

  • 24.02.2026
Повик за помош кој никогаш нема да го заборавам, зборови кои никој не сака да ги слушне и не ги
Очевидци

Докторите и предвидуваа само уште два дена живот, но се случи нешто натприродно

  • 25.02.2026
“Ѝ останаа уште два дена живот на вашата ќерка” – овие зборови точно на полноќ како ехо одекнуваа низ празниот