Духовна аптека

Рецепт за реализација на твоите длабоки копнежи

Се сеќаваш ли кога беше мало дете, како изгледаа твоите очи? Се сеќаваш ли колку жар имаше во твојата насмевка кога си фантазираше за тоа што ќе направиш кога ќе пораснеш? Се сеќаваш ли колку лесно беше да згрешиш и да ти биде простено од оние кои многу те сакаа? Сигрно се сеќаваш дека се препушташе во едноставноста на сè она кое те опкружуваше и со мал допир од мама и тато, ти одново блескаше стоплено во сигурноста на твоето креветче?

Еве порасна, сега што ти недостига? Времето лета, кога мислиш дека ќе ги реализираш твоите потреби? Бараш партнер, работа, сакаш да имаш деца, должиш некому пари, или пак копнееш по целосно здравје? Можеби копнееш да се исполниш духовно и да летнеш во слободата на животот, без правила, без гушења, без опасност?
Сега веќе треба да осознаеш дека е време сите твои длабоки копнежи да се реализираат ако се според Божјата волја. Секако, тоа не значи дека се постигнува со инстант духовна техника или тренирање на твоите мисли, туку со молитва од твоето мило срце кое долго време беше во грч.

Молитвата не е стихотворба, туку разговор со Бог, а кога разговараш со Бог ти си во процес на постојано приспособување на твоето битие да ја прима сè повеќе Божјата љубов. Молитвата со вера кон Господ, прави чуда. Преку молитвата ти ги примаш Божјите благослови и стануваш благослов. Тоа значи да имаш близок контакт со Господ, да имаш дијалог.

Зарем тоа е малку, па ја забораваш молитвата кон Бог? Прекрасно е, бидејќи не останува ништо гнило во тебе, ниту панични напади, ниту болести, ниту стравови за твоите блиски…Кој може повеќе да ти помогне од Господ? Никој и ништо. Господ дејствува и преку вистински доктори, вистински пријатели, вистински партнер, работа… но посакај ја Вистината, не бегај од тоа да признаеш пред Бог дека си грешен и си бил себичен, суетен, завидлив, злобен.

Ајде исповедај се преку молитва до Бог за сè што си сторил, потоа искрено покај се и верувај во Него, не се плаши да Го прославиш Неговото Име, Името на твојот Спасител, зашто пишано е:
„И секој кој ќе го повика Господовото име, ќе се спаси.“ – Дела Ап.2:21

Извор: „Трансформирај се“ од М-р Константин Кајшаров

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е