Живееме во време кога скоро ништо не е безбедно, скоро сѐ околу нас, почнувајќи од воздухот, водата, почвата, па сѐ она што се нуди во продавниците било облека и обувки, храна и пијалоци, козметика, средства за хигиена и нега… е токсично, отровно, штетно и опасно. Информации од направени истражувања за штетноста и токсичноста на сите овие споменати категории има многу и се лесно достапни во денешно време, но многумина замижуваат пред истите, некои не сакаат или немаат време да истражат, прочитаат, осознаат или пак да ги променат старите навики, и така свесно или несвесно се трујат себеси и семејството.
Можеби знаете, можеби не, дека и облеката која што ја носите вие или вашите најмили може да биде извор на токсини или токсична и може да му наштети на вашето здравје!!!
Кожата е нашиот најголем орган и може да го апсорбира сето она што го ставаме на неа – вклучувајќи ја и нашата облека. Голем дел од облеката што се нуди на пазарот и што ја носиме е направена од синтетички материјали и може да биде опасна за кожата но и за целокупното здравје.
Од синтетички влакна кои испуштаат микропластика до хемикалии кои се користат во производството, може да биде застрашувачки да се знае што се треба да се избегнува од материјали.
Вештачки материјали кои се штетни и треба да се избегнуваат – најчесто се добиени од нафта, и придонесуваат за загадување на околината (и апсорбирање) со микропластика:
1. Полиестер – најчесто синтетичко влакно, добиено од петрохемикалии. Во суштина е пластика.
2. Најлон – уште едно влакно на база на пластика, првично развиено како алтернатива на свилата
3. Акрил – често се користи во џемперите и ќебињата, изработено од пластичен полимер
4. Спандекс / Ликра / Еластин – и додава еластичност на облеката, но исто така се добиени од штетни синтетички материјали
5. Полипропилен – помалку вообичаена пластика која се употребува во термо и спортската облека
6. Ацетат / Триацетат – хемиски преработени влакна, често на база на пластика, се користи во сјајните или свиленкастите ткаенини
Природни материјали безбедни за носење кои треба да се преферираат – добиени од билки или животни, биоразградливи се и не содржат петрохемикалии:
1. Памук – растително влакно кое е транспарентно (и овозможува на кожата да дише) и е меко
2. Волна – од овци, природна и топла
3. Свила – добиена од чаурите на свилената буба
4. Лен – направен од растението лен, кое е познато по својата издржливост и удобност
5. Коноп – растително потекло, еколошки, силен и издржлив
6. Кашмир – волна од кашмирски кози, позната по својата мекост
7. Алпака – слична на волната, од алпаки
8. Бамбус (природна верзија) – обработен механички, а не хемиски
Полусинтетички материјали – овие се од природни извори, но интензивно обработени со хемикалии:
1. Рајон – се влакна направени од целулоза (од дрво, бамбус или памук), но вклучува сеопфатен хемиски третман
2. Вискоза – вид на рајон, добиена од целулоза (повторно од дрво, бамбус или памук), но обработена со јаки хемикалии
3. Модал – направен од пулпата на дрвото бука, но поминува низ сеопфатен хемиски третман
4. Купро – направен од памучен лентер (преостанатите влакна на семето од памук), но хемиски третиран
5. Тенцел / Лиоцел – направен од дрвена пулпа од одржливи извори (како што е еукалиптусот) и биоразградливи, но и понатаму полусинтетички / не е целосно природен
Што е “проблемот”?
Проблемот е што природните материјали навистина ни се – тешко достапни. Природните материјали се третираат со хемикалии и се произведуваат масовно – третирани со пестициди.
Проблемот е што брзата мода ни е сервирана на златна чинија, облека од пластика, кроена брзо да се распадне.
Решението не е во паника, туку во подигнување на свесноста со цел да направите подобар избор секогаш кога можете.
Сочувајте ја листата за следниот шопинг и направете поздрав и подобар избор и за себе и за своите најмили.
Подготви и уреди: Маја Димитријевиќ
Извор: https://www.instagram.com/odrziviglas/

