Се викам Ненад Димитриевски и сум дел од ХЦ Блага Вест во РМ каде прв пат во мојот живот слушнав за радосната вест,а таа е дека Исус Христос умре на крстот за мене, ми ги прости сите гревови еднаш за секогаш. Тука дознав дека Исус и денес исцелува од болести, дека и денес воскреснува мртви и многу други нешта за верата во Бог, слушајќи од Константин и Милена Кајшаров, пастори и епископи во Цркавата Блага Вест.
Во оваа црква преку вера Исус дојде во мојот живот, се крстив водено и во Свет дух, според библискиот начин на крштевање, свесно, дека ми е потребен Спасител, исповедувајќи жива вера, дека Исус е жив. На една од Богослужбите, во 2016 година додека пасторот проповедаше, го чувствував оганот во моето срце, дека имам повик да сведочам на луѓето за Исус. Уште истата вечер се сретнав со колешка со која учевме ист факултет за да и сведочам да дојде и таа да слушне и прими од Божјото и убавото кое може да ја промени.
Кога се вратив во станот во кој живеев сам, легнав и некаде по полноќ, околу 3 часот почувствував како нешто ме стега и гази, одеднаш отворив очи и во собата во која имаше светлина само од прозорите, се видов немоќен и во неможност да станам, устата како нешто да ми ја држеше силно, нозете рацете телото, ме опфати страв и неможев да викам за помош, незнаев што се случува и зашто сум свесен а неможам да мрдам. Како да тонам, како да ме кинеше нешто, така во таа немоќ се присетив единствено на името на Исус и во себе почнав да го спомнувам неколку пати, упорно и најпрво нештото ми ја пушти устата, како темна сенка во форма на полноглавец во поголема форма, потоа во можноста на глас да викам, изрекував Исус, Исус, бегајте во името на Исус, и тие нешта ми ги пуштија и рацете и нозете и телото, бегаа низ таванот и ѕидовите, и како станав се погласно викав Господ Исус Христос.
Знаев дека тоа се демони, зли духови, но во тоа прво и страшно искуство името на Исус ме спаси и избави од таа појава. Многумина незнаат како да се справат со вакви ситуации, но по милост на Бог во ХЦ Блага Вест, научив дека авторитет и сила имаме единствено преку Името на Господ Исус Христос. Дали беше да ме исплашат духовите да се тргнам од повикот, дали беше борба за душата на девојката, незнам, но знам дека Исус ме спаси. Ако и ти имаш вакво искуство не се плаши да го споделиш и побараш помош, можеш и ти да научиш како да бидеш заштитен од зли сили, сеништа, преку Името на Господ Исус Христос.
Ненад Димитриевски

