Кога велиме „христијанско семејство“, тоа не значи совршенo, безгрешнo семејствo – нема
таквo. Наместо тоа, христијанско семејство е она кое признава дека гревот е проблем и се
бори против него, отворено и искрено членовите разговараат за прашањата во врска со
христијанската вера и даваат приоритет на духовниот раст во форма на молитва,
проучување на Библијата и вклучување во црковна заедница.
Во едно здраво христијанско семејство:
- Членовите градат блиски релации и комуницираат.
Сите членови се важни и одлично се познаваат меѓу себе. Чувствуваат мир, бидејќи
семејството го доживуваат како засолниште и место за утеха. Многу важни се сигурноста
и безбедноста, кои членовите ги препознаваат и знаат дека со своите најмили не се во
опасност и не се чувствуваат загрозени. - Конфликтите многу поедноставно се решаваат.
Членовите имаат свесност кога треба да преземат одговорност, да се извинат и да го
поправат своето однесување, но и да понудат прошка кога тоа го бара од нив друг член на
семејството.
Нивното однесување е по примерот на Исус, кој секогаш ја зборуваше вистината со многу
љубов. - Семејното дружење и заедничките мигови се приоритет.
Преку заедничкото планирање на времето и заедничките активности, помеѓу членовите на
семејството се воспоставува блискост, чувство на припадност и се негува љубовта.
Како што се градат блиските семејни односи, така треба да се гради и блиската врска со
Бог на секој член од семејната заедница. - Се преземаат иницијативи и заеднички активности за слава на Бога.
Многу е важно во семејството Господ Исус Христос да биде во центарот на животот на
секој член, во бракот, родителството, работата и забавата.
Со став на понизност и зависност од Бога, дури и кога има тешкотии полесно се
надминуваат. Нема поубаво кога сите членови ја практикуваат заедно верата во Бога и
заедно Му служат, а на тој начин и како семејна заедница вкусуваат од благословите, кои
Господ Исус Христос ги излева изобилно.
Извор: https://www.withyouintheweeds.com/p/the-blessings-of-a-healthy-christian?utm_campaign=post&utm_medium=web

