Семејство

Семејството е дар од Бога и треба да се негува со љубов и сплотеност

Може многу блиски пријатели да имаш, но најголемото пријателство треба да е дома.
Колку е убаво да можеш некого навечер со ќебе да покриваш, некој кој ќе те буди наутро, да имаш чии раце да топлиш, лице кое го допира твоето лице, прегратки и моменти на радост и предизвици. Топло е дома кога сите се собрани, богат е животот кога имаш семејство.
Никој и ништо не може да ти ги надомести пропуштените дни со семејството на заедничкиот ручек или разговори.

За жал многу често е запоставено семејството заради други приоритети поврзани со работата, колегите, пријателите, но:

  • времето минува и не се враќа
  • работата била важна, но не е најважна
  • колегите биле тука, но веќе ги нема
  • пријателите со своите интереси те заборавиле и не разбрале што си пожртвувал
    кога ти си поминувал време со нив наместо со твоето семејство. Додека децата,
    брачниот другар, домот, тие се тука гладни не за храна, туку за тебе, да те видат
    и да те запомнат по една насмевка и благиот допир. Времето брзо лета, секој ден
    безброј информации ни прелетуваат низ глава, но љубовта не се заборава, таа ги
    обојува спомените и ти го топли срцето.

Семејството е дар од Бога и треба да се негува со љубов и сплотеност. Ако човек има
близок однос со Бога, тогаш и со семејството ќе има добар однос, во спротивно ќе се
навикне на ситуацијата како да е нормална појава да се има семејство и нема да ги цени
убавите случувања во домот.

Покрај редовните задолженија, наместо твоите лични задоволства, прошетки,
спортувања и се што ти носи личен бенефит, посвети се на Бога и семејството во љубов
и сплотеност, радост и заеднички мигови, или пак вклучи го и семејството во твојот
распоред и чувај го тоа што го имаш.
Биди домаќин, биди верен сопатник, посветен родител и човек на Бога, биди поинаков!

Извор: „БИДИ ПОИНАКОВ“ – Константин Кајшаров

Можеби ќе ви се допадне

Семејство

Љубовта не се купува

  • 24.02.2026
Кога не си се посветил и љубов не си дал, а потоа го надоместуваш тоа со пари, цвеќе, подароци, тогаш
Семејство

Мажи, вашата сопруга е богатство!

  • 10.03.2026
Таа не е само ваша партнерка во животот, таа е скапоцен дар што ви го доверил Бог. Однесувајте се кон