Во најновата епизода на емисијата „КЛУЧ“, Епископ и Пастор Константин Кајшаров отворено зборува за значењето на Велигден и за тоа зошто овој празник е многу повеќе од обичај и традиција.
Кајшаров ја нагласува суштината на празникот – надежта, радоста, духовната преобразба и најважното победата над смртта што ја носи Христовото воскресение. Тој се осврнува и на прашањето како еден пастор треба да се однесува кон човек кој е западнат во грев, нагласувајќи дека љубовта, поуката и советот се патот кон оттргнување од гревот, а не осудата.
Во разговорот се отвора и темата: зошто многу христијани живеат без радост, и како вистинското разбирање на Велигден може да ја врати духовната полнота и мирот во секојдневниот живот.
Разговорот носи одговори на многу прашања што ги засегаат верниците и пошироката јавност.
Проследете го целото видео од разговорот со Епископ и Пастор Константин Кајшаров.

