Во рамките на настанот „Духовна ризница“, одржан во Х.Ц. Блага Вест во РМ на 08.04.2026 година, беа споделени дел од содржините од книгата Верувања преку визуелизација, од Магистар Константин Кајшаров, за влијанието на верувањата врз секојдневниот живот на човекот.

Говорниците посочија дека начинот на кој човек размислува и верува може да влијае врз неговите очекувања и соодветно, истото да го доживее во својот живот.
Воедно, беше истакнато значењето на верата во Господ Исус Христос, со осврт на делото кое Исус го изврши за сите нас на крстот, воскресението и духовната победа.

