Духовна аптека

Радувај се секој миг со оние кои ги љубиш

Што ќе готвиш денес? Можеби малку, можеби многу, можеби за повеќе или помалку луѓе, може ќе сервираш нешто што останало од вчера, но важно ли е? И печено јагне да има на масата, ако нема
љубов, сплотеност и Божји благослов, уста не ти се отвара, највкусното јадење
горчливо е.

Но ако со благодарност кон Бога ја благословиш храната во име на Исус, сплотени во
семејството седнати на трпезата полни во љубов, тогаш и леб и сол да има, послатко ќе
е од печено јагне. Нечии трпези се преполни со храна, но со празни столчиња, а некои трпези се скромни, но богати се со зафатени столчиња.

Денес не држи лутина кон никого, не гледај што недостига и што не е добро. Направи ја вкусна трпезата со тоа што ќе се насмееш и копнеејќи стално да има кој да седи на неа, ќе Го поканиш Бога да седне меѓу вас, а потоа во име на Исус ќе ја благословиш храната за намножување и за здравје на сите кои ја примаат. Благодатта нека те поттикне на благодарност и понизност кон Бога, насити се во заедништвото денес, радувај се секој миг.

М-р Константин Кајшаров

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е