Духовна аптека

Насмевни се и ќе добиеш искра, која ќе те разгори во радост

Понекогаш човек се кае и жали што не ги ценел радосните моменти, што не давал доволно, што не завршил уште некое добро, но највеќе се кае што не знаел да се радува. Не е сè  розово во животот, секоја планина своја тежина има, но не ја гледај планината, туку врви над неа и премини ја со леснотија. Ако само седиш и се жалиш, или пак обвинуваш нема никаква полза.

Зарем ќе ти биде така подобро?

Не, туку полошо, бидејќи ако сееш време и внимание во тежината и проблемите, тогаш ќе пожнееш немоќ и претешки ситуации. Но не мора да биде така. Колку и да ти е тешко насмевни се , нема ништо да изгубиш, само ќе добиеш искра која ќе те разгори во радост. Покажи волја за живот. Радувај се  што и денес дишеш, имаш можност да се насмееш , да прегрнеш некого.

Радувај се  постојано, радувај се, бидејќи тоа е единствен доказ со кој потврдуваш дека сакаш да живееш. Со радост во срцето полесно ќе се надмине сè , затоа не чекај, насмевни се .

Извор Фејсбук: Kaysharov

Можеби ќе ви се допадне

Духовна аптека

Биди сонце што не згаснува

  • 24.02.2026
Денот е посветол кога не ги паметиш лошите мигови и си простил на туѓата неспособност да те љубат и прифатат.
Духовна аптека

Без љубов животот нема смисла 

  • 24.02.2026
Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е