Здравје

Време на виртуелна близина и реална далечина

Една добра фотографија објавена на социјалните мрежи, интересен статус или видео што ќе го „погоди“ алгоритмот и за само неколку часа – стотици реакции, коментари, нови следбеници и понуди за пријателство.
Денес, како никогаш порано, не било полесно да „запознаеш“ некого – кликнуваш еден “like”, еден “follow” или коментар и веќе си поврзан со тој од другата страна. 

Но, колку таа поврзаност е навистина реална?

Тие со кои сме „поврзани“, наводно пријатели, знаат што сме објавиле, каде сме биле, како изгледаме и што сме споделиле, но многумина од нив не знаат како навистина се чувствуваме и низ што поминуваме. Го познаваат нашиот профил, но не и нашето срце.
И така, во време кога сите се „online“ и со само еден клик воспоставуваат контакт, вистинска близина речиси и не постои, а искрени и трајни пријателства, сè потешко се создаваат. Меѓусебните разговори се сведени на кратки пораки, реакции и емотикони, додека оние искрените – лице во лице, стануваат реткост.

Можеби токму тоа е и парадоксот на денешницата!

Имено, никогаш порано луѓето не биле толку поврзани и не комуницирале толку многу, а при тоа да се чувствуваат толку далечни едни од други. Интересно е што и науката денес потврдува нешто што луѓето одамна го чувствуваат, а тоа е потребата за вистинска поврзаност.
Дури и некои истражувања покажале дека и покрај огромната присутност на социјалните мрежи, чувството на осаменост кај луѓето се повеќе расте.

Научниците забележуваат дека прекумерната изложеност на социјалните мрежи создава само чувство на поврзаност. Мозокот само краткотрајно чувствува внимание преку разните реакции и нотификации, но тоа не може да ја замени вистинската близина. Можеби затоа денес и покрај бројните контакти, пораки, следбеници и виртуелни пријатели на социјалните мрежи, сè повеќе човекот останува без вистински пријател – оној кој што ќе остане и кога си скршен и кога ти е тешко, оној со кој заедно ќе се радувате ќе се смеете и нема да си завидувате.

Затоа дефинитивно во време на „дигитална ера на отуѓување“, сè повеќе недостига онаа длабока човечка близина, која што се создаваше во секојдневните дружења, разговори и средби.

Но, можеби тука се открива вистината, дека таа најдлабока и најсигурна поврзаност човекот може да ја најде единствено во Господ Исус Христос!  Поврзаноста со Него е искрена и длабока. Само Тој е најверниот и вистински Пријател, Оној кој потполно те разбира, Кој го познава твоето срце, знае што мислиш, што чувствуваш, низ што поминуваш и со што се соочуваш. Единствениот Кој никогаш нема да те напушти, Кој многу добро те познава и совршено те љуби.

И само во поврзаноста со Христос, човекот може да ја најде онаа близина, што не може да ја даде ниту една социјална мрежа, ниту еден „like“ или „follow“. Затоа, да го имаш Исус за најдобар Пријател, е вистинска привилегија и огромен благослов!

Ана Божинова

Можеби ќе ви се допадне

Здравје

Дали твојата перница работи ПРОТИВ твоето здравје?

  • 25.02.2026
Можеби не сакаш да размислуваш за тоа кога си преморен и едвај чекаш да легнеш и потонеш во сон, но
Здравје

Здрави бајадери

  • 27.02.2026
Има ли некој што не сака бајадери? Овие бајадери се поздрава верзија на оригиналниот рецепт и буквално го имаат тој