,,Психоемоционално угнетување”, беше темата на Богослужбата, која се одржа во саботата на 27ми Јуни 2026, во ХЦ Блага Вест во РМ. Тема кој побуди голем интерес и воедно допре до срцата на присутните, каде отвори простор за искрено преиспитување.
Со силна, јасна и библиски поткрепена проповед, Епископ Константин Кајшаров говореше за духовните и емоционалните битки, со кои многумина се соочуваат, а преку Светото Писмо, беа дадени одговори на прашања што длабоко го засегаат секој верник:
- На кого не треба да му дозволиш да се моли за тебе?
- Дали кога те угнетуваат, треба да трпиш?
- Како да зацрташ граница, а да не прекинеш контакт?



Пораката не беше само поука, туку и повик да се препознае моментот, но и да се совлада на христијански начин, за да се живее во мир. И како светлина што продира низ најгустата темнина, библиските вистини донесоа надеж, таму каде што многумина долго време чувствувале внатрешна борба.
Охрабрени од поуките што ги слушнаа, збогатени со нови сознанија, со благодарност и во радост, присутните во заедништво го издигнаа и прославија Исусовото име.

