Постојат луѓе кои чекорат во животот ширејќи го мирисот на вистинската љубов, онаа која ги спојува срцата и создава единство таму каде што светот гради поделби. Љубов која охрабрува и носи видлив плод преку животот и постапките.
Главна порака на неделната Богослужба, која што се одржа во ХЦ Блага Вест во РМ, беше токму таа, каде Епископ Константин Кајшаров како духовен родител, ги потсети верниците дека се Божји деца и нивниот живот и постапки, треба да се одраз на таа Христова љубов.



Пастор Ќамил Зекироски и Пастор Јулијана Спироска, посочија примери на верници од црквата, чиј живот сведочи за верност и плодност, како резултат на Божјата љубов и сочувство.
На крај, со благодарни срца за поуките и охрабрувањето, верниците во радост го издигнаа и прославија Христовото име.

