Како што поминуваат годините, деновите гледаме дека љубовта меѓу луѓето оладува и затоа многумина се разболуваат. Човек без љубов е како цвеќе без сонце и како што цвеќето неможе да опстане без сонце така и ние луѓето неможеме да опстанеме без љубовта. Што и да имаме ако љубов немаме ништо немаме.
Љубовта е неопходна за секој еден од нас бидејќи љубовта го осмислува животот и му дава вредност. Некои луѓе не осознале што значи љубовта и затоа се однесуваат посесивно и ја изнудуваат, купуваат, малтретираат, едноставно не знаат што е љубовта и кога се плашат да не ја изгубат од луѓето кои што им ја даваат тие уште повеќе ја угнетуваат. Тогаш таа испарува како дим низ прсти и останува тагата.
Љубовта изобилува со добрина, таа те прави добар и те поттикнува во споделување, да правиш добрини, да покажуваш разбирање, да изразуваш сочувство, да поттикнуваш во слобода и неограниченост, да бидеш поддршка за некого. Тоа те прави радосен, бидејќи тоа е еден од начините да ја изразуваш љубовта. Љубовта те променува и те тера да си несебичен туку пожртвуван, да си задоволен кога другиот е среќен, да се радуваш кога другите успеваат.
Од каде се тие изрази во тебе? Ти си створен од љубов, Бог е љубов и ти си створен од Неговата љубов. Твоето срце и твоето постоење не е случајност туку Божја промисла. Не заборави да љубиш. Почни од себе, потоа и кон оние околу тебе а потоа и кон Бог.
Биди љубов, биди поинаков!
Извор: Kaysharov / Кајшаров, https://www.facebook.com/reel/645618605802441

