Вести

Бизнис со твоето внимание претворен во милијарди

Го земаш телефонот за да видиш што има ново на социјалните медиуми со намера да направиш пауза од „само 5 минути“… и одеднаш – 45 минути „исчезнале“. 

Случајност? Не! 

Ако мислиш дека ти избираш што гледаш, кого следиш и што лајкуваш – вистината е поинаква. Не избираш ти толку, колку што си избран!

Скрол по скрол, ден по ден, алгоритмот не само што анализира што ти се допаѓа, туку тивко го обликува и тоа што ќе ти се допадне утре.

Секој клик, секое задржување, коментар, споделување или лајк, сè станува податок. И од тие податоци, некој гради слика за тебе, понекогаш подобра отколку што сам се познаваш.

И тогаш почнуваш да гледаш содржини што не си ги барал, но ти го задржуваат вниманието, те влечат и држат „in“. Не затоа што сакаш, туку затоа што некој „пресметал“ дека ќе те задржат подолго.

Така да, не е случајно што баш тоа видео ти се појавува, ниту пак е случајно што не можеш да престанеш да скролаш.

А времето?

Времето не го губиш одеднаш, туку тивко ти „исчезнува“.

Истражувањата правени во оваа насока, покажуваат дека скролајќи, со секое ново видео се ослободува допамин, што те тера да продолжиш, често пати многу подолго од твоите планирани 5 минути. Дополнително, платформите на социјалните медиуми користат софистицирани алгоритми и дизајнерски карактеристики кои ги користат основните психолошки принципи за да го одржат вниманието на корисниците. Тие вклучуваат предлози, автоматско пуштање, бесконечно скролање, или некои награди, кои се еден вид на психолошки обрасци, кои всушност те тераат да продолжиш да скролаш.

Некои истражувања, правени во 2020 година, покажуваат фрапантни бројки, во однос на времето „инвестирано” во социјалните медиуми. Податок кој е земен од истражувачки труд презентиран на 27-та годишна Американска конференција за информациски системи (AMCIS), покажува дека, над милијарда луѓе поминуваат просечно околу 3 часа дневно на социјалните медиуми (она што се карактеризира како бесмислено скролање низ нивниот фид за вести), при што во некои земји, просекот бил и над 4 часа дневно.

Ако на тоа се додаде и фактот дека ова време најчесто поминува незабележано и без контрола, станува јасно колку е силно влијанието на дигиталната средина врз нашето секојдневие.

„Нашето внимание е најскапоцената валута, со која се тргува“ – беше истакнато на неодамнешниот семинар од М-р Константин Кајшаров, па токму затоа можеби станува многу важно да се запрашаме: на што го насочуваме вниманието и каде го инвестираме времето? Дали го трошиме на она што нè замајува или го вложуваме во она што е полезно за нас и нè гради?

Затоа е потребно филтрирање, зашто не сè што е достапно, воедно е полезно.

Ако секој ден сме целосно посветени на работи што ни го крадат вниманието и ни го трошат времето, тогаш се помалку останува за она што духовно не исполнува – времето поминато со Бог. Замислете колкава полза би имале кога наместо „напразно” потрошеното време во скролање, би го инвестирале во молитва, читање Библија и време поминато со најдобриот пријател на човекот – Господ Исус Христос?

Ана Божинова

Можеби ќе ви се допадне

Вести

Верниците не беа публика – беа духовни оператори!

  • 27.02.2026
На Богослужбата одржана на 22 Фебруари во Христијанска Црква Блага Вест не слушавме само порака – доживеавме движење на Светиот
Вести

Присутните добија ослободување и разрешување од синџирите на заблуда кои ги влечеа назад

  • 02.03.2026
✅️ На Богослужба која се одржа на 28 Фебруари во ХЦ Блага Вест во РМ, се потсетивме на Даровите на